Жените може да доживеат оргазам за време на еротски сон – 12 неверојатни факти за соништата

Без разлика дали се сеќавате или не, вие сонувате секоја вечер. Речиси една третина од животот ја поминуваме во спиење, а експертите се сè уште поделени кога станува збор за соништата.

Neverojatni-fakti-za-sonishtata-01.jpg

Сепак, на располагање имаме многу интересни информации, а доколку сте од оние кои постојано сонуваат, навистина ќе ви бидат интересни или од корист:

Соништата се случуваат во РЕМ фазата

Најживописните соништа се случуваат за време на РЕМ фазата, во куси епизоди во текот на ноќта.

Најмногу се сонува во утринските часови

Воедно, долгите соништа се случуваат најмногу во утринските часови непосредно пред будењето.

Викендите ви помагаат да се сетите на соништата што сте ги сонувале

Многу поверојатно е дека ќе се сетите на сонот што сте го сонувале за време на викендот, отколку веднаш по будењето.

Мускулите се парализирани

Најголем дел од мускулите се неподвижни за време на сонувањето во РЕМ фазата. На овој начин телото ве спречува да не ги повторувате движењата кои ги правите во соништата.

Најчесто сонуваме слики

Најголем дел од соништата се визуелни, составени од слики, исполнети многу ретко со звуци.

Соништа кои најчесто се повторуваат:

  • Физичка агресија, караници
  • Паѓање или летање во воздух
  • Брканици, најчесто некој што ве брка вас.

Не сонуваат сите во боја

Околу 12% од луѓето сонуваат во црно-бело.

Ниското ниво на стрес носи среќни соништа

Многу веројатно е дека соништата ќе ви бидат убави и пријатни доколку немате стрес во животот.

Секси сништа

Околу 4% од мажите и жените сонуваат еротски или сексуални соништа. Жените може да испуштат вагинални секрети поради возбудата од соништата, па дури да доживеат и оргазам додека сонуваат.

Најчестите соништа на луѓето коишто спијат на стомак…

  • Заробени некаде
  • Голи во јавност
  • Некој ги дави и не може да дишат
  • Пливаат во огромна ширина вода

Кошмари

Жените генерално сонуваат многу повеќе кошмари и страшни соништа, за разлика од мажите.

Паѓање на заб во сон

Кога сонувате за заб што е расипан или ви паѓа најчесто укажува дека имате некакво заболување со забите, односно не е никакво претчувство или предвесник за смрт, како што укажуваат народните верувања.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Двојни стандарди од кои ни се крева косата - лицемерни реакции на иста ситуација меѓу мажите и женит... Околината поинаку „ги суди“ мажите и жените кои не брзаат да стапат во брак. Кои...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
12 фото-докази дека на некои луѓе треба да им се забрани да влезат во кујна „Мајка ми направи торта за роденденот на внука ми, инспирирана од Angry Birds. С...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...

Најчитани неделава