Во животот ќе почувствувате само 3 видови на страв

Сите стравови ги имаат своите корени во две работи: силна приврзаност / поврзаност и незнаење.

Postojat samo 3 vidovi na strav spored Zen ucenjata 01

Силната приврзаност ве прави ранливи, бидејќи подразбира приврзаност кон вашиот ум, емоции и желба за нешто надворешно. Тоа го отвора првиот вид страв: страв од губење на она на што сте приврзани. Незнаењето, од друга страна, ве става во состојба на неизвесност и во таква состојба е лесно е да се плашите. Неможноста за точно идентификување на опасностите или ризиците ве тера да се чувствувате несигурно и исплашено.

Зен учењата за стравот се, исто така, и лекции за егото. Учителите на оваа специфична филозофска дисциплина веруваат дека постојат само три вида на страв и дека сите се поврзани со она што го нарекуваме его.

1. Страв за сопствениот живот

Најосновниот страв кај луѓето е стравот за сопствениот живот. Губењето на животот се идентификува со загуба на телото. Луѓето се физички суштества и нашите тела се нашата најелементарна реалност.

Живееме во нашите тела, а стравот од губење на телата е страв дека повеќе нема да постоиме.

Овој страв е ист како страв од умирање. Сепак, смртта не е само крај на телесните функции. Постојат и други фази на физичка загуба на патот до смртта. Може да ја изгубите способноста, младоста или нормалното функционирање на вашето тело.

Postojat-samo-3-vidovi-na-strav-spored-Zen-ucenjata-02.jpg

2. Губење на себеси

Стравот од губење на себе може да се нарече и страв од промени. Започнувате да мислите дека сте она што сте навикнале да бидете. Се идентификувате со навиките, па сметате дека вашето битие „се состои“ од активности што ги правите секојдневно.

Толку сте навикнати да се гледате себеси во сегашните околности, што почнувате да се плашите од секоја промена. Се плашите од сé што може да се случи ако вашата околина се промени.

Потоа доаѓа страв од губење на себе. Чувствувате страв и не знаете што да направите или како да постапувате. Ова е еден вид страв од исчезнување.

Postojat-samo-3-vidovi-na-strav-spored-Zen-ucenjata-03.jpg

3. Страв од страдање

Во принцип, страдањето создава чувство на непријатност и напор. Страдањето се однесува на ограничувања, фрустрации и неисполнети желби. Страдањето може да биде многу интензивно и парализирачко.

Postojat-samo-3-vidovi-na-strav-spored-Zen-ucenjata-04.jpg

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
5 знаци дека самите сте виновни што сте несреќни во животот Дали ја запоставувате грижата за себе? А, дали имате навика опсесивно да „скрола...
Елена, Давид и уште 4 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во септември Ако треба да станете родители во септември, а сè уште не знаете кое име да му го...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg