Колку всушност чини да го живеете совршениот Instagram живот?

Доколку знаете колкаво е влијанието на Instagram врз вашето ментално здравје, тогаш сигурно сте запознати со митот за совршенство кој е распространет на социјалната мрежа.

kolku-vsushnost-chini-da-go-zhiveete-sovrsheniot-instagram-zhivot-01.jpg

Сите знаеме дека оваа платформа е далеку од реалноста. Секојдневно гледаме совршено подготвени оброци, плажи кои предизвикуваат завист и бројни други работи кои изгледаат беспрекорно.

Не е тајна дека понекогаш сите чувствуваме доза љубомора кога ги гледаме овие фотографии, но дали сте помислиле колку всушност чини тој начин на живеење?

Истото прашање си го поставиле и од веб-сајтот Nutmeg, па решиле да ја пресметаат цената на совршениот Instagram живот. Резултатите покажале дека е многу повисока отколку што мислите.

За истражувањето биле анализирани 50 објави со некои од најпопуларните хаштагови, како #gym или #oot. Се покажало дека корисниците најверојатно трошат и до 2.800 евра месечно за предмети и активности инспирирани од социјалната мрежа.

Просечната објава со хаштагот #brunch чинела околу 35 евра, додека оние со #homeinspo биле најскапи и предметите на секоја објава во просек чинеле околу 1.250 евра. Објавите тагирани со #gym во просек чинеле по 300 евра.

Иако е навистина лесно по цел ден да листате низ објавите и да ги посакувате нештата што ги гледате, важно е да запомнете дека сè си има своја цена. Нема ништо погрешно во тоа да црпите инспирација од Instagram.

Всушност, познато е дека инфлуенсерите дури и заработуваат од тоа. Но доколку не живеете на тој начин, нема потреба да трошите премногу пари за да изгледате добро онлајн.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се преселивме во Виетнам на 10 минути од плажа – за сметки и кирија плаќаме 325 € месечно, за храна... „Живееме во Да Нанг и плаќаме 325 евра за кирија и сметки. Во оваа сума се вклуч...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
„Мајка ми беше осамена вдовица и бараше љубов на интернет – стана жртва на измамници и изгуби милион... „Џенет беше скржава, си ги броеше и ситните пари, па не разбирам како воопшто ја...
Проклетството на Британец што освоил 170 милиони евра на лото: Развод, сообраќајка и пропаднати бизн... Во 2012-та, животот Британецот Адријан Бејфорд драстично се променил откако осво...
„Бев единствена преживеана во авионска несреќа – поминав 8 дена во џунгла, со скршена нога и мртви т... „Се разбудив во џунглата. Врз мене имаше нешто тешко и кога пробав да го тргнав,...
10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...

Најчитани неделава