Зошто треба да ставате сол во сите агли на вашиот дом?

Ако барате ефективен начин за освежување на вашиот дом и елиминирање на негативната енергија, решението е многу едноставно, а се крие во вашата кујна! Како што можете да претпоставите, станува збор за сол. 

zoshto-treba-da-stavate-sol-vo-site-agli-na-vashiot-dom-01.jpg

Луѓето го сакаат мирисот на солен воздух, а многумина веруваат дека истиот може да ја елиминира токсичната енергија од просторот.

Понекогаш просторијата, покрај физичкото чистење, бара малку духовно чистење, а истурање сол во аглите на собата е ефикасен начин да се направи токму тоа.

Многу култури ширум светот користат сол за да го благословат просторот и да ги избркаат негативните сили.

Јапонските борци не го започнуваат својот натпревар сè додека не се истури сол во рингот, за да го отстранат лошото расположение, а католичките свештеници ја користеле солта за време на егзорцизмот.

Како да користите сол за чистење на вашиот дом?

Што се однесува до видот на солта што се користи, секоја сол, освен индустриска, може да биде корисна. Истурете сол во аглите на вашиот дом, веднаш до најчесто користените врати или веднаш до прозорците.

zoshto-treba-da-stavate-sol-vo-site-agli-na-vashiot-dom-02.jpg

Важно е да ја оставите да стои неколку дена, за да може да делува како магнет за негативната енергија. Оваа сол не е за консумирање, па во никој случај не дозволувајте вашите миленичиња да ја јадат.

Солта не е одлична само за спречување на негативните мисли и лошите вибрации, туку и за несаканите гости - пајаци. Поточно, солта може да биде одличен природен начин да ги избркате пајаците од вашиот дом.

Се препорачува да направите раствор од сол и вода и да ги испрскате областите каде се сомневате дека може да има гнездо на пајаци.

zoshto-treba-da-stavate-sol-vo-site-agli-na-vashiot-dom-03.jpg

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот „Кога се чекирате во хотел, штитете го вашиот личен простор како на банкомат. Ре...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...

Најчитани неделава