Од каде потекнува името на шопската салата?

Шопската салата е традиционално јадење од балканската кујна, најмногу во Србија, Бугарија, Македонија и Чешка.

od-kade-poteknuva-imeto-na-shopskata-salata-01.jpg

Оваа комбинација од домати, краставица, пиперки, кромид и сирење е вистински специјалитет, но дали некогаш сте се запрашале од каде потекнува нејзиното име?

Некои историчари сметаат дека името на салатата потекнува од Шопите. Овој народ е потомок на едно од осумте племиња Печенези.

od-kade-poteknuva-imeto-na-shopskata-salata-03.jpg

Шопите живееле во областа Шоплук, која според некои географи ја опфаќа цела западна Бугарија, источниот и североисточниот дел на Македонија, дел од југоисточна Србија и многу мал дел од денешна Грција.

Овој предел денес го населуваат Бугари, Срби и Македонци.

Шопите имале навистина оригинален и карактеристичен фолклор, а се занимавале со сточарство. Биле познати по нивното квалитетно сирење од кое не го ваделе кајмакот, па најверојатно одовде е и нивната поврзаност со шопската салата.

od-kade-poteknuva-imeto-na-shopskata-salata-02.jpg

Интересно е што во 2014-та година, шопската салата била прогласена за најпопуларна во Европа. Таа година бил одржан натпреварот Tastes of Europe (Вкусовите на Европа) и шопската салата добила најмногу гласови – дури 20.000.

Во натпреварот учествувале 28 традиционални европски специјалитети, но шопската салата победила со разлика од речиси 15.000 гласови.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во Македонија предметите ги чуваме за посебна пригода (и чиниите и чашите и фустанот и свеќата) - Зо... „Изнеси ги чиниите за посебни пригоди... Затоа што посебна пригода е да имаш топ...
Фото-докази дека не секој заслужува да биде дизајнер и архитект Бања и кујна во иста просторија, тоалет со проѕирен таван сместен под главниот в...
Заборавената сопруга од Србија на Ајнштајн: Му ги решавала математичките проблеми, тој ја изневерува... Првата сопруга на Ајнштајн, Србинката Милева Мариќ, бла гениј исто како и физича...
12 фото-докази дека на некои луѓе треба да им се забрани да влезат во кујна „Мајка ми направи торта за роденденот на внука ми, инспирирана од Angry Birds. С...
Девојка од Кина во име на љубовта се преселила во Србија и снима хит видеа - се плаши од промаја, пи... Ичен Јовановиќ во име на љубовта се преселила на село во Србија и снима хит виде...
„Пред и потоа“ фото-споредби што ќе ве мотивираат да направите генералка (пред да дојде зима) „По тежок период во животот, станот ми беше хаос. Чистев осум часа“. „По тежо...

Најчитани неделава