Приказни од вселената: Астронаутите читаат книги за деца од Интернационалната вселенска станица

Проектот Story Time from Space е дело на непрофитната организација Global Space Education Foundation. Како дел од проектот, астронаутите кои се на Интернационалната вселенска станица (ISS), читаат популарни детски книги, и тоа директно од вселената.

prikazni-od-vselenata-astronautite-chitaat-knigi-za-deca-od-internacionalnata-vselenska-stanica-01.jpg

Зад оваа идеја стои Патриша Трајб. Наводно, таа истражувала за писменоста и познавањето на науката во САД, па решила да ги спои вселената и читањето.

„Зарем има подобри идоли што ќе ги вклучат децата во наука и ќе ги натераат да читаат? Не само што ги гледате и слушате книгите, туку ја разгледувате и Интернационалната вселенска станица“, изјавила таа.

prikazni-od-vselenata-astronautite-chitaat-knigi-za-deca-od-internacionalnata-vselenska-stanica-02.jpg

Идејата прв пат била тестирана со астронаутот Бенџамин Алвид Дру. Тој ја читал книгата Max Goes to the Moon, од астрофизичарот и писател Џефри Бенет.

Тимот на проектот го сочинуваат астронаути, научници, наставници и други личности, а книгите што ќе се читаат се одбираат навистина внимателно.

Важно е книгата да може да се прочита за 15 минути, да биде поучна и најважно од сè, да нема лажни информации.

prikazni-od-vselenata-astronautite-chitaat-knigi-za-deca-od-internacionalnata-vselenska-stanica-03.jpg

Тимот добива книги од авторите кои сакаат да бидат земени предвид, а имаат и листа со погодни книги. Штом ќе ја одберат книгата и ќе добијат дозвола за лансирање, книгата се испраќа кај НАСА, каде што се подготвува. На крај, книгата се испраќа во Флорида, за да се лансира.

Покрај читањето, тимот се обидува да започне и правење видеа со детски научни експерименти, изведени на ISS.

prikazni-od-vselenata-astronautite-chitaat-knigi-za-deca-od-internacionalnata-vselenska-stanica-04.jpg

Навистина одлична идеја што им покажува на децата дека учењето и читањето можат да бидат забавни.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна? Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...

Најчитани неделава