Која навика го направила Бетовен генијалец?

Знаевте ли дека шетањето може да ја подобри вашата креативност и да ви помогне во напредокот? Изгледа дека Бетовен, но и многу други генијалци, биле запознаени со овој факт.

ednostavnata-navika-shto-go-napravila-betoven-genijalec-01.jpg

После ручек, Бетовен имал навика да оди на прошетка во шума. Со себе секогаш носел и неколку листови хартија за да ги запишува своите идеи.

Слична навика имале и неговите колеги, како Густав Малер и Бенџамин Бритн.

Придобивките од шетањето ги докажале и научниците од Стенфорд.

Пешачењето е едноставен и сигурен начин да го подобрите вашето здравје. Ако пешачите редовно, организмот ќе функционира подобро, ќе се релаксирате, а навечер ќе спиете многу подобро.

ednostavnata-navika-shto-go-napravila-betoven-genijalec-02.jpg

Според експертите, за време на пешачење, во организмот се ослободуваат ендорфин - хормон кои го подобрува расположението.

Друго истражување покажало дека шетањето не го подобрува само здравјето, туку ја поттикнува и креативноста. Причината е што додека пешачите, се чувствувате посмирено, а вашиот фокус е подобар.

Американските истражувачи, пак, откриле дека шетањето три пати неделно има позитивно влијание врз хипокампусот. Ова е важен дел од мозокот кој е одговорен за краткотрајната и долготрајната меморија, како и за анализирање на добиените информации.

ednostavnata-navika-shto-go-napravila-betoven-genijalec-03.jpg

Истражувањата спроведени врз постари луѓе покажале дека пешачењето може да го забави, или целосно да го спречи појавувањето на деменција.

Бидејќи е познато дека зелената боја го намалува нивото на стрес, шетањето во природа и зеленило го има истиот ефект.

Па, доколку сте „заглавиле“ со некој проблем или чувствувате дека ви е потребен краток одмор, уште сега излезете на прошетка.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Им паѓале заби и умирале во агонија бидејќи работеле со радиоактивна боја: Тажната приказна за „ради... Во 1920-тите, за младите девојки од Америка било премија да работат во фабрика к...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...

Најчитани неделава