Зошто постарата сестра е најважната личност во вашиот живот?

Ако имате постара сестра, сигурно сте се криеле зад неа кога сте биле во неволја, сте ја терале да ви заврши некоја обврска, па дури и сте ѝ ја „краделе“ облеката.

zoshto-vashata-sestra-e-najvazhnata-lichnost-vo-vashiot-zhivot-01.jpg

Но, постојат и многу други работи за кои треба да ѝ се заблагодарите на вашата сестра.

Знаевте ли дека според психолозите, имањето постара сестра ја подобрува вашата ментална стабилност, a децата кои пораснале со постари сестри се посреќни како возрасни.

Погледнете зошто вашата постара сестра е најважната личност во вашиот живот.

Таа ја намалува можноста да се разведете во иднина

Истражување од универзитетот во Охајо, покажало дека децата со браќа и сестри имаат помали шанси за развод.

Една од причините за ова е тоа што имањето сестра ве прави позрели и ве учи да се грижите за другите.

Децата со браќа и сестри многу рано учат како да се справуваат со конфликти, а ова им е од помош во романтичните врски.

Таа е причината зошто вашите родители не биле престроги со вас

Доколку мислите дека родителите биле строги со вас, верувајте дека на вашата постара сестра ѝ било потешко.

Едно истражување покажало дека родителите се многу построги со првото дете. Новите родители се обидуваат да следат премногу правила и имаат многу очекувања. Но штом ќе го добијат второто дете, си ги воочуваат грешките, па со него се поопуштени.

zoshto-vashata-sestra-e-najvazhnata-lichnost-vo-vashiot-zhivot-03.jpg

Таа ве расположува и ви помага да ги постигнете вашите цели

Вашата сестра може да ве научи на многу. Покрај тоа, таа секогаш ќе ви биде сојузник и секогаш ќе биде на ваша страна.

Оваа личност ве инспирира и ве тера да ги следите вашите цели.

Растење со сестра ќе ве направи поамбициозни и независни. Дури и ако не сте свесни за тоа, вашата сестра имала голема улога во формирањето на вашиот карактер.

Таа го подобрува вашето ментално здравје

Растењето со сестра може да ги намали негативните чувства кај тинејџерите. Доколку имате сестра, најверојатно нема да се чувствувате многу осамено, виновно или несакано.

Љубовта на сестрата е важна во емоционалниот развој, а може да помогне и во спречувањето на депресијата.

Едно истражување покажало дека имањето сестра ве прави подобра и сочувствителна личност.

zoshto-vashata-sestra-e-najvazhnata-lichnost-vo-vashiot-zhivot-02.jpg

Таа ви помага да ја сфатите безусловната љубов

Како што растете, врската со вашата сестра ќе ви станува сè поважна.

Секогаш ќе ја имате нејзината поддршка и секогаш ќе прави да се чувствувате сакано и ценето. Ова, пак, ќе ви помогне полесно да ги искажувате вашите чувства.

Вашата сестра секогаш ќе ви биде најдобриот пријател и личноста која толку добро ве познава, што доволно ѝ е само да ве погледне за да знае како се чувствувате.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...

Најчитани неделава