Како да оставите впечаток на самоуверена личност од прв поглед?

Секојдневно се наоѓаме во секакви ситуации, некои ни ја земаат и последната трошка енергија и нè претвораат во сеништа.

kako-da-ostavite-vpechatok-na-samouverena-lichnost-od-prv-pogled-01.jpg

Многу често се чувствуваме колебливо кога треба да влеземе во просторија со многу луѓе. Веројатно не би постапиле поразлично, освен со наведната глава да зачекориме во собата, потајно чувствувајќи неудобност што се наоѓаме таму.

Посебно во бизнис секторот, такво себе прикажување не води никаде. Затоа, ако одлучите да работите на себе постојат многу техники кои можат да ги сменат вашите навики и луѓето да почнат да ве доживуваат поинаку, независно дали на професионално или приватно поле.

kako da izgledate samouvereno koga vleguvate vo nekoja prostorija 3

Иако многумина знаат дека за да изгледаш како личност кој пред сè верува во себе треба правилно да го држиш телото, погледот да го кренеш високо, на лицето да му изнудиш пријатна насмевка и со погледот да нишаниш директно во целта. Можеби ова на сите ни е познато, но доста од нас никогаш не го практикуваат.

За ова на телото да му стане навика, замислете си дека на рамка од секоја врата стои закачено јаже, а вие треба да го фатите со заби и да се држите за него.

И така, пробајте да замислите како да сте некој акробат и пробувате да ја изведете точката на вечерта. Почнувате со зафрлање на главата наназад, потоа исправате се, додека лицето ви се истега во насмевка со цел да го загризете јажето.

Буквално половина од вашата тежина како да се префрлила во горниот дел од телото и без да чувствувате тежина во стапалата, зачекорите лесно каде и да одите.

kako da izgledate samouvereno koga vleguvate vo nekoja prostorija 1

Ова е првиот чекор ако сакате да изгледате како победник, барем за почеток и во сопствените очи.

Практикувајте секогаш кога ќе минувате низ врата, и верувајте дека за неколку дена ќе ви стане навика и ќе започнете една нова етапа од вашиот личен развој. Како и да е, вреди да се проба.

 Х. Е. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...

Најчитани неделава