10 најдобри Disney видеоигри кои ќе ве прошетаат низ детството

6. 102 Dalmatians: Puppies to the Rescue            

Приказната за тотално неодоливите 102 далматинци е преточена во фантастична видеоигра наречена „Puppies to the Rescue“. Добропознатите негативни ликови Круела и нејзиниот соработник се оставени за самиот крај, додека пак останатите нивоа се сведени на спасувањето на многубројните кученца.

Малиот Домино или неговата сестричка ја заземаат главната улога во оваа авантура и тие се секогаш придружувани од некое животинче коешто им помага да го совладаат нивото. Оваа видеоигра е издадена во 2000 година.

10-najdobri-Dizni-videoigri-koi-kje-ve-proshetaat-niz-detstvoto 07 _630x350.jpg

7. Peter Pan: Adventures in Never Land 

Секој од нас барем еднаш во своето детство мечтаел да ја посети фамозната Недојдија, местото каде што засекогаш осануваш дете. Фантастичната приказна за Петар Пан, борбата со пиратите и потрагата по богатството својата реализација како видеоигра ја доживеала во 2002 година.

Негативецот, Капетанот Кука е во потрага по некое скриено богатство, а задачата на Петар Пан и неговата самовила Ѕвончица е први да стигнат до него. Петар Пан низ динамичните нивоа може да лета, како и да се брани фрлајќи ножеви или бомби.

Помеѓу нивоата, играчите со своите собрани пердуви може да си купат предмети од индиска продавница, со чија помош полесно ќе ги совладаат потешкотиите.

10-najdobri-Dizni-videoigri-koi-kje-ve-proshetaat-niz-detstvoto 08 _630x350.jpg

8. Lilo & Stich

Прекрасна приказна која преку огромната љубов и вера нè тера да веруваме дека сѐ е возможно, ако навистина се потрудиме. Тоа го откриваме преку ликот на младата хавајска девојка по име Лило и нејзиното навидум „куче“ по име Стич.

Оваа акциско-авантуристична видеоигра за првпат се појавила во 2002 година. Контролите ги преземаат токму самите најдобри пријатели Лило и Стич, кои се соочуваат со разни препреки против кои се борат со помош на бомби од ананас и други заштитни предмети за полесно да дојдат до својата цел.

10-najdobri-Dizni-videoigri-koi-kje-ve-proshetaat-niz-detstvoto 09 _630x350.jpg

9. Monsters, Inc. Scream Team

Оваа видеоигра ни ја раскажува возбудливата приказна за чудните, шарени суштества Мајк и Сали и неодоливото, слатко девојче по име Бу. Неизбежно е да се истакне во блескаво светло, бидејќи таа постигна огромен успех и ги освои срцата на луѓето низ целиот свет.

Видеоиграта сочинува вкупно 12 нивоа, за прв пат допре до јавноста во 2001 година. Нивоата се поделени меѓу трите терени за обука кои се наоѓаат на островот Скаре.

Играчите може да изберат да играат како Сали или Мајк, при што секое чудовиште има различни потези и способности. Целта на оваа игра е успешно да се исплашат сите деца-роботи на островот, па така да се истакне како чудовиште со врвни почести.

10-najdobri-Dizni-videoigri-koi-kje-ve-proshetaat-niz-detstvoto 10 _630x350.jpg

10. Disney's Animated StoryBook Mulan

Мошне веројатно е да не постои таков кој не ја чул приказната за пожртвуваната и храбра девојка Мулан, којашто за да го замени местото на својот болен татко се пријавува во Кинеската армија.

Нејзиниот таканаречен ,„заштитник“ е хумористичниот и непредвидлив змеј Мушу, кој навистина останува со неа до самиот крај. Во оваа видеоига тој е во потрага на изгубените свитоци  и мора да ги земе назад за да си ја врати изгубената магија.

Разни активности, загатки, истражувања, облекување на главните ликови и пеење караоке се само неколкуте карактеристики кои ја прават оваа игра специфична и интересна за играње. „Disney's Animated StoryBook Mulan“ своето објавување го доживува во 1998 година.

10-najdobri-Dizni-videoigri-koi-kje-ve-proshetaat-niz-detstvoto 11 _630x350.jpg

Мила М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Дедо ми е педофил кој ми го украде детството - сите му се восхитуваа, само јас знаев дека е чудовиш... „Кога првпат почна да ме допира, не ми беше јасно што се случува. Се прашував да...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
13 фото-докази дека Јапонија како да живее во друг свет – работи што може да ги видите само таму Спа за мајмуни, балсам за усни со вкус на сланина, луѓе кои дисциплинирано чекаа...
Девојка од Кина во име на љубовта се преселила во Србија и снима хит видеа - се плаши од промаја, пи... Ичен Јовановиќ во име на љубовта се преселила на село во Србија и снима хит виде...

Најчитани неделава