Совршениот момент не постои - Сурови животни вистини што ќе ве направат посилни

Самите решавајте си ги проблемите

Без разлика колку поддршка имате од саканите, вашите проблеми се ваши и само вие можете да ги решите.

Не можете секогаш да очекувате помош од другите, бидејќи другите си имаат нивни проблеми.

Како што сте научиле самите да си купувате храна и да се грижите за себе, научете и самите да ги решавате големите проблеми.

9-surovi-zhivotni-vistini-shto-kje-ve-napravat-posilni-05.jpg

Преживејте ги тешките моменти за да успеете

Никогаш не знаете што ќе ви приреди животот. Некогаш нештата ќе се одвиваат токму како што сакате, но понекогаш ќе „заглавите“ и ќе се најдете во тешка ситуација.

А, доколку сакате да успеете, морате да ги преживеете и тешките моменти.

Всушност, луѓето кои поминале низ многу тешки ситуации, подоцна во животот се посилни и посреќни.

Намалете ги очекувањата за да го избегнете разочарувањето

Ништо нема да ве повреди повеќе од неисполнетите очекувања.

Иако е добро да имате големи соништа и цели, понекогаш треба да бидете пореални.

Ако сакате да ја искачите Монт Еверест, но не сакате планинарење, можеби треба да си поставите друга цел.

9-surovi-zhivotni-vistini-shto-kje-ve-napravat-posilni-06.jpg

Станете трпеливи за да постигнете нешто големо

Трпеливоста е многу важна, па мора да научите да бидете трпеливи.

Доколку сакате да совладате некоја нова вештина, не очекувајте тоа да се случи преку ноќ. Ќе биде потребно време да станете добри во нешто, па немојте да се фокусирате на неуспесите и грешките.

Не заборавајте дека секоја грешка ви помага да сфатите што треба да промените и ве води поблиску до целта.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Модерни бонтон правила: 9 работи што не треба да ги кажете преку порака Ако озборувате некого преку порака, без разлика дали на Фејсбук, Инстаграм или д...

Најчитани неделава