Ед Геин - вистинската приказна зад масакрот со моторната пила во Тексас

Во 1974 година, режисерот Тобе Хупер создал вистинска револуција во филмската хорор индустрија со неговиот филм инспириран од вистинска приказна - „Тексашки масакр со моторна пила“. 

Ed Gein vistinskata prikazna zad masakarot so motornata pila 01

Речиси веднаш по објавувањето на филмот, почнале да кружат гласини дека постоел вистински лудак што живеел со своето семејство во градот Пот, Тексас. Едно нешто е вистина – навистина постоел човек што носел маска од кожа и убивал луѓе, а се викал Ед Геин.

Можеби немал моторна пила, но серискиот убиец Ед Геин бил клучна инспирација за неславниот Leatherface. Роден во 1906 година во Плејнфилд, Висконсин, Ед бил син на алкохоличар и фанатично религиозна мајка.

Често трпел тешка психолошка и физичка злоупотреба од рацете на неговите родители. Една од неговите најнеобични навики била наеднаш да почне да се смее гласно, како некој да кажал шега што само тој ја слушнал.

Кога починале неговите родители времето го поминувал во читање за женската анатомија, со која наскоро се опседнал, а исто така се воодушевувал со нацистичките експерименти што ги спроведувале врз луѓето.

Наскоро започнал да ги ограбува гробовите на жените кои го потсетувале на неговата мајка. Го земал телото, ја кинел кожата и од неа правел костум во кој се облекувал, преправајќи се дека е мајка му.

Ed Gein vistinskata prikazna zad masakarot so motornata pila 02

Во декември 1957 година било пријавено исчезнување на Бернис Воден од нејзината продавница во Плајнфилд. Крвавата трага водела кон задната врата. Нејзиниот син се сомневал во Геин, па тој наскоро бил приведен во притвор.

Кога полицајците дошле во неговата куќа првото нешто што го виделе било обезглавеното тело на Бернис Воден, од кое Геин ги отстранил внатрешните органи.

Но Геин е секако најпознат по облеката направена од човечка кожа. Додека одел на училиште го малтретирале заради неговото „женско“ однесување, а смртта на неговата мајка ги разбудила неговите долго скриени преференци.

Во куќата биле пронајдени маски (или лица на жени што ги убил или ископал, заедно со трепките, косата…), како и голем број други парчиња „облека“ од човечка кожа – од фустани и корсети до чорапи, престилки и нараквици.

Ed Gein vistinskata prikazna zad masakarot so motornata pila 03

Во неговата колекција, значајна улога играл елекот, заедно со градите, што го облекувал за да личи на жена. Психолозите сметаат дека така се обидел да ја воскресне својата мајка...

Геин бил инспирацијата за главниот лик на романот Психо (објавен една година откако бил фатен), а неговиот канибализам бил инспирација за Гамбо (од филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“).

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
„На 6 години мајка ми ми кажа дека имам рак, ми даваше терапии и ми ја избричи косата – но ме лажела... „Мојот ’рак‘ беше потполна лага. Приказна измислена од мајка ми Тереза не само з...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
По клиничка смрт и кома, освоил автомобил, па 250.000 € од грепка: Лудата одисеја на Бил Морган Во 1990-тите, Бил Морган речиси го загубил животот и поминал неколку денови во к...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...

Најчитани неделава