Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Митови за изгледот и самодовербата во кои не треба да верувате

Нема ништо лошо во тоа имате некој килограм повеќе. Многу поважно е да бидете здрави, да се храните здраво и да бидете физички активни, отколку да се фокусирате само на килограмите.

mitovi-za-izgledot-i-samodoverbata-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-01.jpg

Ако сте уморни од коментари за вашиот изглед или можеби не мислите дека изгледате добро, а поради ова страда и вашата самодоверба, веројатно треба да престанете да верувате во некои митови.

Еве кои:

Мит 1: Никако не треба да јадете „лоша“ храна

Се разбира, салатата е полна со витамини, минерали и антиоксиданти и подобро ќе го нахрани вашето тело отколку помфритот, но не можеме да кажеме дека храната е добра или лоша.

Не треба да ја делите храната на „добра“ и „лоша“, туку треба да се фокусирате на тоа да имате разновидна исхрана.

Ако сте физички активни, ако сте здрави и ако често внесувате свежа храна, јадењето пица или хамбургер одвреме-навреме не е така лошо.

Мит 2: Не е здраво да имате вишок килограми

Важно е да се чувствуваме добро во нашето тело, а килограмите доаѓаат и си одат.

Наместо да се грижите за килограмите, фокусирајте се на тоа да се храните здраво и да бидете физички активни.

mitovi-za-izgledot-i-samodoverbata-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-02.jpg

Мит 3: Треба да направите драстична промена за да се чувствувате подобро

Треба да ослабите, да ја смените фризурата, бојата на косата, стилот на облекување - сето тоа треба да ви помогне да се чувствувате подобро.

Во реалноста, нема потреба од толку многу промени. Тоа е само привремена или моментална радост.

Доволно е да размислувате позитивно и да бидете благодарни за малите работи.

Мит 4: Ако сте самоуверени, секогаш ќе се чувствувате добро

Ова е невозможно, затоа што е нормално за нас да не се чувствуваме исто секој ден.

Понекогаш ќе се чувствувате ужасно и нема да сакате да станете од кревет. Следниот ден ќе станете веднаш на звукот на алармот и ќе бидете посреќни од кога било.

Ова нема никаква врска со тоа дали сте самоуверени или не.

mitovi-za-izgledot-i-samodoverbata-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-03.jpg

Мит 5: Како се гледате себеси, така ќе ве гледаат и другите

Верувале или не, ние сме креатори на сопствената среќа. Од нас зависи дали ќе се насмееме или ќе плачеме. Ова не зависи од нашите родители, партнери, колеги или пријатели.

Ние ги создаваме своите мисли и бираме колку сакаме да бидеме среќни во дадениот момент.

А, мислењето на другите не треба да ве засега бидејќи никогаш нема да им се допаѓате на сите, без разлика како вие се гледате себеси.

Мит 6: Никогаш не треба да се споредувате со другите

Споредбата со другите е илузија, затоа што обично не ја знаете нивната реална состојба или она што го доживуваат во нивните секојдневни животи.

Но, во некои случаи, ова споредување може да ни биде од корист.

Ако, на пример, некоја личност ја постигнала целта кон која тежнеете вие, споредбата ќе ви помогне да ги воочите вашите грешки и полесно да стигнете до истата цел.

mitovi-za-izgledot-i-samodoverbata-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-04.jpg

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

50 златни правила за мирен и исполнет живот „Вратете го позајмениот автомобил со полн резервоар“, „Научете да уживате кога с...
Фото докази од луѓе кои имале една работа – и не успеале да ја завршат како што треба Кога вработените во маркет целосно ќе ги промашат производите и ќе ги стават на ...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
Заминете си среде разговор: „Себични“ совети што ќе ви помогнат да го зачувате вашиот мир Ако при разговор, некоја личност продолжува да прави да се чувствувате непријатн...
6 прашања што ќе ви помогнат да ја откриете вашата токсична особина (и како да се ослободите од неа) Дали имате желба да им наредувате на другите и да ги терате да прават тоа што са...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg