Живејте ја среќата!

ne-ja-kupuvajte-srekata-zivejte-ja-povekjeСреќата ни е речиси секогаш на дофат на рацете, а никогаш баш во раце. Како – зошто, и пак зошто? Да се биде среќен е голема лекција, која сепак може да се научи.

 

Ова се 10 кратки потсетници кога треба да се сетите дека сте среќни.

ne-ja-kupuvajte-srekata-zivejte-ja

10. Кратка меморија. Кој умее да заборави и прости, кој умее да го фати ритамот на животот дека сè тече и сè се менува, тој е на добар пат да стане среќен.

9. Правда и фер игра. Луѓето ја црпат среќата од чувството за праведност и еднаквост, дури и кога тоа не им е во прилог, односно е против нивните интереси.

8. Пријателство. Бизниси, колеги од работа – налик пријателства. Пријателите од детството се оние кои остануваат. Оние кои ве сакаат такви какви што сте. Оние кои ве познаваат кога сте биле никој и ништо. Останатите се само пријатели од корист. Квалитетот на пријателствата го одредува квалитетот на животот.

7. Духовност. Оние кои медитираат, одат во цркви, синагоги и џамии се значително посреќни од оние кои не го прават тоа. Луѓето посветени на нематеријалните нешта во животот се посреќни, оптимисти и реални.

6. Мислите однапред. Способноста да размислуваме за иднината, да правиме планови. Планирано чувство на среќа.

5. Развивање способности. Важно е што правиме за да сме среќни, како се бориме, како размислуваме, колку напор вложуваме, а не како ни се враќа. Ако ги правиме работите исправно најчесто ќе не направат среќни.

4. Контрола над сопствениот живот. Едно е задоволството кое не зависи од нас и го нарекуваме „задоволство од одредена ситуација“. А, друго е задоволството кое е резултат на нашата работа. Треба да ги разликувате овие две страни. Свесната одлука да се направи нешто и преземање одговорност за делата кои доведуваат до нејзина реализација, произведува задоволство од себе, тесно поврзано со личната среќа.

3. Дефиниција за успех. Треба да внимавате со кого се споредувате, кој ви се пример и што сметате за успех. Не е успех само успехот на работа. Барем не оној кој води до трајна среќа.

2. Гени. На ова не може да влијаеме. Постои уреден состав на гени од кои зависи нашата флексибилност и моќ за навикнување на промените.

1. Сакајте се себе си! Ако нешто не ви се допаѓа кај себе – променете го! Бидете комуникативни, позитивни, храбри и живејте го животот по своја желба!

Би можело да ве интересира:

Стереотипи во кои луѓето погрешно веруваат за 7 различни професии, низ илустрации Мит 1 - задача на стјуардесите е да ги услужуваат патниците. Вистина - нивна гла...
Искрени илустрации кои се доказ дека да се биде возрасен значи само добро да се преправаш Во ресторани барате здрави намирници, а кај мама дома уживате во домашните палач...
14 вешти луѓе кои со свои раце создадоа мали ремек-дела (фото) „Со часови гледав во фотографијата од мојот миленик пред да направам приврзок со...
„Празници им се и на оние во болница, а и на оние кои примаат сочувство - Имајте разбирање за нив“ Среде еуфоријата во празничниот период забораваме дека најважниот подарок всушно...
12 луѓе кои создадоа убав простор во домот и дворот со своите две раце (фото) Стара кујна трансформирана во модерен простор, ново купатило кое не личи на стар...
6 уникатни имиња за девојчиња, инспирирани од боите Безвременски, уникатни и инспирирани од боите со кои е опкружен светот околу нас...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg