Колку навистина ги познавате вашите пријатели?

Колку навистина ги познавате вашите пријатели? Дали знаете како ќе реагираат во одредени ситуации? Што ги прави лути, а што среќни? Дали се перфекционисти, скептици или можеби повлечени во нивниот свет?

Kolku navistina gi poznavate vasite prijateli 01

Прочитајте го следниот текст и дознајте го одговорот на ова прашање...

Познавање на нивните реакции

Не е тешко да се заклучи каква личност е некој, според нивните реакции. Преку дружење може да се види дали лицето е разговорно или повлечено. Какви филмови сака, што ја интересира и сл.

Но ако добро ги познавате своите пријатели тогаш знаете како ќе реагираат во одредени околности. Знаете какви емоции ќе се појавуваат кај нив во одредени ситуации.

На пример, знаете дека вашиот повлечен пријател во друштво на многу гласно и наметливо лице ќе се повлече. Потоа можете да преземете иницијатива во друштвото и да ја ублажите наметливоста на другата личност.

Исто така, знаете што е важно за вашите пријатели и кои се нивните вредности и приоритети, и што е уште поважно, ги почитувате. Само тогаш ќе можете да кажете дека навистина ги познавате своите пријатели.

Таквите пријателства се цврсти, пријателите се поблиски и поретко имаат меѓусебни конфликти.

Kolku navistina gi poznavate vasite prijateli 02

Инвестирајте во вашите пријателства, бидејќи вредат

Социјалната поддршка е еден од најважните фактори за спречување на развој на депресија, болести предизвикани од стрес, но и „опстанок“ во брзото секојдневие.

Пријателствата, заедно со семејството, се важен извор на социјална поддршка. Со негување на вистинско пријателство, инвестираме во сопствената благосостојба и иднина.

Kolku navistina gi poznavate vasite prijateli 03

Затоа вреди да потрошите повеќе време да ги запознаете своите пријатели и да станете поблиски, да се навикнете на нивните реакции во различни ситуации и да откриете што најмногу ценат во животот.

Со мноштво фрустрации што нè опкружуваат од различни страни, пријателствата не треба да бидат извор на стрес.

Инвестирајќи во пријателствата и искрено познавајќи ги пријателите, обезбедуваме место каде што секогаш ќе можеме да добиеме и да дадеме разбирање и поддршката што ни е потребна на сите.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 ситуации кога треба да се справите со (непријатни) продавачи, низ илустрации Дали продавачи пробале да ве убедуваат дека нешто ви стои одлично само за да го ...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
10 комични ситуации во кои може да се најдете кога пробувате да следите совети од интернет Во време кога сите имаме интернет, но и во време кога сите „делат совети“ кои „д...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
9 реални илустрации колку се менува животот на жените кога имаат 20 vs. 40 години Со годините доаѓа и способноста за поставување граници во комуникацијата со коле...

Најчитани неделава