Неверојатни придобивки од времето што го поминуваме сами

Постојат бројни придобивки од моментите поминати сами во тишина. Додека никој не ве гледа можете да ги слушате внатрешните дијалози, да јадете зачинета храна без да се грижите за мислењата на другите луѓе.

Neverojatni pridobivki od vremeto sto go pominuvame sami 01

Можете да работите во пижами, без одвраќање, емоционални и когнитивни стресови. Дури и луѓето што се екстроверти понекогаш уживаат во моментите на осаменоста, правејќи го она што го сакаат.

Ова се неколку неверојатни придобивки од времето што го поминувате сами:

Предизвикува радост

Постојат научни истражувања кои покажуваат дека во моментите што ги поминуваме сами, всушност го наоѓаме мирот што ни треба. Осаменоста ни помага да го олесниме занесот, но и да ги надминеме лошите периоди.

Покрај тоа, доколку ова е наш избор, самотијата може да нè опушти и да ни го намали притисокот. Моментите кога ги слушаме нашите потреби го зголемуваат чувството на среќа и задоволство.

Нè прави подобри пријатели

Никој не треба да им биде на располагање на луѓето 24 часа, 7 дена во неделата. Кога ќе ги наполниме батериите ќе можеме подобро да се поврземе со другите. Повремената изолација влијае на подобар социјален живот.

Со други зборови, ако сакаме да поминеме квалитетно време со пријателите, треба да не се гледаме секојдневно.

Neverojatni pridobivki od vremeto sto go pominuvame sami 02

Ни помага да поставиме јасни граници

Веројатно ви се случило да влезете во врски кои едноставно не ги задоволувале вашите потреби, само за да избегнете осаменост. Штом ќе научите како да го прифатите времето поминато сами со себе, ќе ви се отвори простор за да ја негувате вистинската љубов.

Отвора простор за правење цели

Времето во тишина ви дава можност да ги исполните вашите големи соништа, да дојдете до идеи и да преземете мали чекори во таа насока.

Ни помага да се опуштиме и да уживаме во тишината

Кога сме сами со себе, ослободени од обврски, сами управуваме со нашето време и простор. Запомнете дека прво треба да бидете сами, и ако е можно, понекогаш да го исклучите телефонот.

Neverojatni pridobivki od vremeto sto go pominuvame sami 03

Во денешниот свет, сите сме хипер-поврзани и ги живееме нашите животи на социјалните мрежи, а моменти на тишината стануваат наша мала оаза, надвор од дигиталната реалност. Уживајте во неа.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...
11 чудни и (скоро) неупотребливи дизајни, што ќе ве насмеат Кревет закачен на ѕидот, прекинувач за фен во бањата „скриен“ скоро на таванот в...

Најчитани неделава