Како да го исклучите мозокот пред да одите во кревет?

Дали сте под стрес пред да легнете да спиете? После долг ден на работа, грижејќи се за роковите и сите работи што треба да се направат. Интересно е што луѓето најчесто не ни забележуваат дека се под стрес.

Odmorete se go zasluzuvate toa Kako da go isklucite mozokot 01

Некои сметаат дека се само уморни и дека ова е нормално.

Некои се обидуваат да се исклучат со гледање телевизија или консумирање алкохол пред спиење.

Само луѓето кои страдаат од несоница поврзана со стресот разбираат дека имаат проблем и треба да практикуваат техники за релаксација.

Еве како да го „исклучите мозокот“ пред спиење:

Опуштете се на патот кон дома

Користете го времето кога се враќате од работа како еден вид „тампон“. Ако брзате дома и се грижите за сообраќајниот метеж, нема да бидете баш опуштени.

Исклучете се

Иако можеби мислите дека прелистувањето во ТВ каналите или Фејсбук ќе ве оддалечи од проблемите, веројатно ќе бидете изложени на уште поголема стимулација што ќе предизвика уште поголем стрес.

Затоа, неколку часа пред спиење, обидете се да слушате музика наместо да гледате телевизија.

Odmorete se go zasluzuvate toa Kako da go isklucite mozokot 02

Испразнете го мозокот

Вашиот ум веројатно сè уште се справува со настаните од денот. Не ги чувајте вашите емоции и мисли заглавени во себе. Разговарајте со некого или пишувајте дневник.

Најдете среќна мисла

Без разлика како изгледа вашиот живот во моментов, обидете се да се сетите на една позитивна работа, настан или личност што ви предизвикале убави чувства. Фокусирајте се на таа мисла.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Знаци дека мора да направите рамнотежа меѓу приватниот живот и работата Не можете да го исклучите телефонот без чувство на вина и горди сте што сте прем...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...

Најчитани неделава