Зошто ни е толку тешко да се промениме?

Патот кон промената е често долг и тежок, без разлика дали се работи за промена на став, однесување или особина. На овој пат се судираме со нашите емоции, што можат да ни го олеснат или отежнат патот.

Zosto-ni-e-tolku-tesko-da-se-smenime-01.jpg

Дури и пријатните емоции, како што се среќата и самодовербата, можат да го отежнат преминувањето од зборови на дела.

Зошто ни е толку тешко да се промениме?

Емоциите учествуваат во одлуката за промена

Постојат многу причини зошто тешко се менуваме, а една од нив се емоциите. Откако ќе донесеме одлука да промениме нешто во нашите животи, таа одлука мора да се спроведе во дело.

За ова ни треба доволно енергија и свесно присуство во одредени моменти, за да препознаеме што се случува со нас, и да се однесуваме според старите обрасци и навики.

Кога се чувствуваме лошо, кога сме под стрес, тажни или незаинтересирани, имаме недостаток на енергија, немаме волја или мотивација да дејствуваме или да се промениме.

Не размислуваме јасно и не донесуваме одлуки што би сакале, туку се водиме според автоматски пилот. Исто така, пријатните емоции, како што се среќа, задоволство, чувство на доверба, можат да нè наведат да мислиме дека не ни треба промена.

Zosto ni e tolku tesko da se smenime 02

Не бидете строги со себе

Кога знаеме дека нашата емоционална состојба може да нè спречи во промени, ни помага да имаме сочувство кон себеси. Не можеме да се присилиме на промена и да очекуваме успех.

Важно е да бидете нежни со себе, да си дадете доволно простор и време да се промените, бидејќи сè ново бара подготовка и адаптација. На овој начин ја зголемуваме веројатноста за промената и го олеснувате периодот на транзиција, затоа што не мислите дека сте безуспешни, туку упорни.

Сите емоции, без разлика дали се пријатни или непријатни, можат да послужат како мотиватор за промена. Важно е да ги разбирате овие емоции и да ги користите за своја корист.

Самодоверба и среќа

Кога сме сигурни во себе, задоволни од околината, ќе ни биде потешко да се охрабриме да промениме некои однесувања. Кога сакаме да промениме некое однесување или навика, добро е да го почувствуваме незадоволството што го создава и да го користиме како водач.

Општо чувство на самодоверба помага многу, затоа што знаеме дека сме способни за промени. Кога се чувствуваме добро, ние сме поактивни и ефикасни во решавањето на проблемите. Да се биде свесен за тоа како функционираат емоциите ни овозможува намерно да управуваме со нашето однесување.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
5 знаци дека самите сте виновни што сте несреќни во животот Дали ја запоставувате грижата за себе? А, дали имате навика опсесивно да „скрола...
5 потсетници кои ќе ви помогнат полесно да ги прифатите големите (и неизбежни) животни промени Не заборавајте дека промените ни помагаат да созрееме, но и дека секогаш ни носа...
Живеење со мртви тела и уште 5 необични култури низ земјите во светот Можете ли да се замислите себеси да живеете со мртви тела? Многу вообичаена прак...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg