Зошто треба да престанете да ставате хартија на шолјите во јавните тоалети?

Дали и вие сте од оние кои ја „редат“ школката во јавен тоалет со хартија? Иако мислите дека тоа ќе ве заштити од бактериите – се лажете.

zoshto-treba-da-prestanete-da-stavate-toalet-hartija-na-sholjite-vo-javnite-toaleti-01.jpg

Вистинска реткост е да најдете локали каде тоалетите се чисти, но дури и онаму каде што изгледаат пристојно, сепак многумина имаат навика да наредат парчиња тоалет хартија пред да ја употребат тоалетната школка.

Сепак, иако мислите дека тоа ќе ве заштити од контактот со бактерии, истражувањата велат дека правите полошо.

Во јавните тоалети има бактерии насекаде. Секој пат кога се пушта вода во школката, фекалните бактерии се распрскуваат на сите предмети во околината – самата шолја, на ѕидовите, на кваката, па дури и на тоалет хартијата.

Тоалетната хартија апсорбира влажност, а тоа се одлични услови за размножување на бактерии. Па, кога го покривате капакот со хартијата – наместо да се штитите, всушност вие покривате контаминирана површина со уште поконтаминиран материјал.

zoshto-treba-da-prestanete-da-stavate-toalet-hartija-na-sholjite-vo-javnite-toaleti03.jpg

Јавните тоалети ги користат многу луѓе и никогаш не може да знаете каде сè паднала и допрела хартијата и што сè има на неа, па би било добро да размислите пред да си седнете безгрижно врз неа.

Во такви случаи, ако сакате да се заштитите од бактерии, подобро носете си свои затворени марамчиња кои ќе ги искористите како заштита помеѓу шолјата и вашата кожа. Ако немате, веројатно е подобро да избегнувате контакт со шолјата и секогаш трудете се да оставите чисто зад себе.

zoshto-treba-da-prestanete-da-stavate-toalet-hartija-na-sholjite-vo-javnite-toaleti-02.jpg

А, по користењето, не заборавајте правилно да ги измиете рацете, да ги истриете со сапун барем 20-30 секунди, да се избришете со чисто марамче кое не било изложено на бактерии и да не допирате никакви површини отпосле.

zoshto-treba-da-prestanete-da-stavate-toalet-hartija-na-sholjite-vo-javnite-toaleti-04.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Стаклена туш кабина во соба, ТВ над врата на тоалетот - 14 хотели кои како да сакаат намерно да ги и... „Моите родители престојуваа во хотел во кој требаше да добијат и појадок. Секое ...
Одговори на прашања што сигурно сте си ги поставиле барем еднаш Зошто славиме роденден со торта, но и зошто исечениците од хартија болат толку м...
12 докази дека бабите во минатото имале „златни раце“ (фото) „Баба ми ја направи куклава, од порцеланот, преку фустанот, до чадорот“ „Баба...
Фото-докази дека не секој заслужува да биде дизајнер и архитект Бања и кујна во иста просторија, тоалет со проѕирен таван сместен под главниот в...
Фотки направени со микроскоп што ќе ви го покажат светот од нова перспектива Веќе е добро познат факт дека и во храната има микропластика, но сте виделе ли к...

Најчитани неделава