5 најпознати слики на Густав Климт

Тој е без сомнение еден од најпознатите австриски сликари и омилен кај многу љубители на уметноста.

5-najpoznati-sliki-na-gustav-klimt-01.jpg

Густав Климт е познат по своите слики, мурали, скици. Основен објект во делата на Климт е женското тело, а во нив се забележува и директен еротицизам.

Климт не сакал да се социјализира, а во една пригода рекол: Тој што сака да знае нешто за мене – како уметник, треба внимателно да ги погледне моите слики, и во нив да види кој сум јас и што сакам да правам.

Тешко е да се одберат само 5 слики од Климт, но еве го нашиот избор:

1. Бакнежот

Прикажува двајца љубовници во прегратка на поле со цветови. Мажот е наведнат и ја бакнува девојката.

5-najpoznati-sliki-na-gustav-klimt01.jpg

Женската фигура носи шарен фустан и венец од цветови на главата. Затворените очи симболизираат спокој и интимност.

2. Портретот на Адел Блох Бауер I - (исто така познат и како „Дамата во златно“ или „Жената во златно“)

Портретот бил нарачан од Фердинанд Блох Бауер, еврејски банкар и производител на шеќер.

5-najpoznati-sliki-na-gustav-klimt02.jpg

Сликата била украдена од нацистите во 1941 година и прикажана во Австриската галерија „Белведере“. Во 2006 година сликата била вратена на семејството.

Истата година била продадена за 135 милиони долари, во тоа време рекордна цена за една слика.

3. Три доби на жената

Оваа слика прикажува три жени во 3 различни стадиуми од животот: детство, мајчинство и старост.

5-najpoznati-sliki-na-gustav-klimt03.jpg

Се смета дека возрасната жена што го покрива лицето со рака е инспирирана од статуата „Старата куртизана“ на Огист Роден.

4. „Бауернгартен“ (Селска градина)

Слика од  „Златниот период“ на уметникот, насликан пејзаж со „изобилство од насади, маргаритки и рози“. 

5-najpoznati-sliki-na-gustav-klimt04.jpg

„Бауернгартен“ е продадена на аукција во Лондон за 59 милиони долари, што го прави трето најскапо уметничко дело продадено во Европа.

5. „Портрет на една дама“ 

 Една од најбараните уметнички слики на Густав Климт, која исчезна пред скоро 23 години, беше пронајдена во истата галерија во Италија од која исчезна. 

5-najpoznati-sliki-na-gustav-klimt05.jpg

Платното „Портрет на една дама“ од Климт беше откриено во вдлабнатината на еден од надворешните sидови на дворот на модерната галерија „Ричи Оди“ во градот Пјаченца.

Вдлабнатината била заштитена со метална врата и скриена со дебел слој од бршлен.

Ја откриле градинарите кои ги средувале билките во дворот, а потоа го повикале галерискиот персонал.

Сè уште не е јасно што се случило пред 23 години со сликата, која е еден од низата женски портрети што Климт ги насликал кон крајот на неговиот живот од 1916 до 1918 година. Сликата исчезнала во февруари 1997 година.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка ѝ лажела дека е смртно болна за пари од донации, починала на 7 години: Тажната судбина на Олив... Во својот краток живот, на Оливија ѝ биле направени над 20 операции и постојано ...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
„Поминав 11 години во затвор за ’убиството‘ на моето новороденче – келнерка што не ја познавав докаж... „Три дена откако се роди ќерка ми, забележав некаква испакнатина на челото, како...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...

Најчитани неделава