Како да ја започнете 2023-та, за да имате ефикасна и исполнета година?

Велат дека секој почеток е тежок. До некаде и може да се согласиме, но кога станува збор за почеток на нова календарска година и тоа како треба да размислиме со кое темпо ќе се препуштиме на текот на животот. Имате ли планови за 2023-та?

kako-da-ja-zapochnete-2023-ta-za-da-imate-efikasna-i-ispolneta-godina-01.jpg

Изготвуваме планови за поуспешни реализации на нашите соништа, визии, планови. Истражуваме нови можности за подобро утро и пред сè учиме за да бидеме подготвени да се соочиме со она што допрва доаѓа.

Во секој случај, големите промени доаѓаат со мали, но значајни измени на нашите навики. Секое подобрување и унапредување на нашиот карактер, нè доближува поблиску до она што сакаме да станеме и постигнеме.

- Да почнеме од самото станување, променете ја утринската рутина. По отворањето на очите, првите десеттина минути посветете се на вашиот фокус и мисли. Фокусирајте се на она што ви е приоритет дента и без одлагање завршете ги обврските.

- Она што многумина почесто треба да почнеме да го применуваме е да научиме да бидеме свесни. Колку и да звучи едноставно, сложен е процесот да се достигне ова. Затоа мора да почнеме да вежбаме да бидеме свесни за нашите мисли, акции, емоции, само на тој начин може да постигнеме поголеми достигнувања во животот.

kako-da-ja-zapochnete-2023-ta-za-da-imate-efikasna-i-ispolneta-godina-02.jpg

- Кога ќе знаеме како ги поминуваме часовите, може да станеме попродуктивни од претходно. Важно е да знаеме на што го трошиме нашето времето, колку и да ни изгледа дека го имаме сето време на светот во еден момент од животот ќе сфатиме дека драстично е намалено. Затоа, поголема организираност од ваша страна и чекирајте ги сите завршени работи.

- Уште нешто, обрнете внимание на вашата рутина за спиење. Сонот е најдобар лек за нашето физичко и ментално здраво. Почнете да си легнувате порано, фаќајте битни забелешки од изминатиот ден и оној што следува, но никако не заспивајте со телефон в раце.

- И како за крај, научете се да ги манифестирате вашите желби. Многумина зборуваат за ова, но ако на лист хартија ги напишете 10 желби што сакате да ги остварите во 2023 и ги залепите на видно место, ќе бидете зачудени на крајот од годината. На тој начин дополнително ќе се посветувате на она што го сакате.

Е. Х. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
„Го мразев животот во Дубаи – наместо да уживам, работев 80 часа неделно, за плата со која едвај пре... Натали од Англија се преселила во Дубаи на само 18 години, откако добила работа ...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...

Најчитани неделава