Пожари, земјотреси, живот на Месечината: Што предвидел Нострадамус за 2020-та?

Што има предвидено за светот Нострадамус за оваа година? Какви „потреси“ може да очекуваме?

pozari-zemjotresi-zivot-na-mesecinata-sto-predvidel-nostradamus-za-2020-01.jpg

Верувате ли во вакви пророштва?

Пророкот предвидува силен земјотрес во Калифорнија заради кој цел овој регион ќе биде под нивото на океанот. Наводно ова ќе се случи помеѓу 18 јуни и 12 јули.

Европа нема да куртули од земјотреси. Следниот силен земјотрес ќе ја погоди Турција, со интензитет од 7 до 7,4 степени според Рихтеровата скала.

Треба да се случи една прилично голема „катастрофа“ во САД - Доналд Трамп ќе биде реизбран за претседател... и бидејќи тој не може да биде избран третпат, вториот мандат би можел да биде попроблематичен од првиот.

Големи пожари ќе се рашират низ Европа, поточно во Грција и Хрватска.

Топлотниот бран ќе ги погоди Португалија, Шпанија, Холандија, Германија и Франција. И САД ќе се „стопат“ на високи температури кои ќе предизвикаат шумски пожари во Калифорнија, Палм Спрингс и Лос Анџелес.

Поради топењето на глечерите на Антарктикот, нивото на морето и океанот ќе се искачи за неколку метри.

Во 2020 година, исто така, ќе има рекорден број на невремиња кои ќе предизвикаат урагани. Америка ќе биде нападната со некои од најмоќните торнада во историјата со ветрови до 320 km на час.

Исто така, се предвидува појава на еден вид катаклизма што радикално ќе ја смени мапата на светот, односно ќе ја најави Третата светска војна, која ќе започне на Блискиот исток.

Глобалната економија повторно ќе биде во криза. Нострадамус ја предвиде кризата во 2008 година и го предвидува истото за 2020 година.

Пророкот наведува дека економијата на САД ќе стагнира неколку години, а стотици фондови ќе банкротираат.

Со цел да се спречи паника на берзата, тргувањето на светската берза ќе биде суспендирано за неколку денови или можеби една недела.

Предизвикувач на нова економска криза ќе биде Велика Британија, која ќе го реализира „Brexit“ и ќе излезе од Европската унија.

pozari-zemjotresi-zivot-na-mesecinata-sto-predvidel-nostradamus-za-2020-02.jpg

Нострадамус дури предвидува дека целото Обединето Кралство би можело да се распадне бидејќи Велс, Шкотска и Северна Ирска го поддржуваат излезот од ЕУ.

Повеќе лоши вести ќе ја погодат Велика Британија. Нострадамус пишува дека Велика Британија ќе добие нов владетел. Не прецизира дали тоа би било заради смртта на кралицата Елизабета Втора.

Големи промени ќе се почувствуваат и во Северна Кореја, во која Ким Јонг-Ун нема да биде повеќе лидер - присилно отстранет.

Според една од неговите визии, францускиот пророк видел луѓе што живеат на Месечината во 2020 година.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
„Живеам на Алјаска, каде температурите во зима се -40˚C – се греам на дрва, носам волнена долна обле... Американецот Џош Спајс веќе 16 години живее на Алјаска и за него температурите к...
Трета светска војна, но не и крај на светот - Што предвидела Баба Ванѓа за 2026-та? Баба Ванѓа има неколку предвидувања за оваа година, но едно од нив е навистина з...
Алфред Нобел - динамит: Генијалци кои зажалиле за изумите што ги направиле славни Алфред Нобел е креаторот на Нобеловата награда, но и личноста што го измислила д...
Трагичниот живот на некогашниот најтежок човек на светот – Имал 400kg, 7 години не излегол од дома п... Рики Напути, кој важеше за најтешкиот човек на светот, цели три години пробувал ...

Најчитани неделава