Бизарни откритија - Кои биле барањата за последен оброк на затворениците пред погубување?

Откако со години јаделе само затворска храна, затворениците осудени на смрт имаат дозвола да изберат што сакаат за последен оброк.

bizarno-otkritie-koi-se-baranjata-na-zatvorenicite-za-posleden-obrok-pred-pogubuvanje-01.jpg

Последниот оброк им е последна шанса да уживаат во вкусни работи пред да завршат нивните животи.

Ова се некои од најчудните барања што ги барале затворениците низ светот, кои биле осудени на смрт:

Питер Куртен, познат како вампир од Дизелдорф, бил обвинет и осуден за девет убиства и седум точки за обид за убиство. Пред извршувањето на смртната казна тој барал виенски стек, печен компир и чаша бело вино. Неговиот последен оброк бил толку вкусен што побарал две порции.

Тимоти Мекви убил 168 луѓе во бомбардирањето во Оклахома Сити. За последен оброк барал килограм сладолед од ментол со парчиња чоколадо.

bizarno-otkritie-koi-se-baranjata-na-zatvorenicite-za-posleden-obrok-pred-pogubuvanje-04.png

Роберт Алтон Харис бил егзекутиран во затворот „Сан Квентин“ на 21 април 1992 година за убиство на двајца тинејџери во Сан Диего. Неговиот последен оброк бил корпа со 21 парче пилешко месо, две големи пици, гумени бонбони, 6 лименки Pepsi и кутија цигари.

Последниот оброк на Рони Ли Гарднер се состоел од бифтек, јастог, пита со јаболка, сладолед од ванила и газирани пијалаци, а потоа сакал да ја погледне трилогијата „Господарот на прстените“.

bizarno-otkritie-koi-se-baranjata-na-zatvorenicite-za-posleden-obrok-pred-pogubuvanje-03.png

Џералд Ли Мичел убил двајца мажи на кои требало да им продаде марихуана. Неговиот последен оброк бил кеса бонбони.

Томас Ј. Грасо побарал „кралски оброк“ - школки со лимон, дупли чизбургер, ребра, два фрапеа од јагоди, половина тиква со шлаг и парчиња јагоди.

Ален Ли Дејвис, кој безмилосно ја убил бившата девојка и нејзините две ќерки побарал јастог, пржени ракчиња, школки, пржени компири, половина леб со лук и пиво.

bizarno-otkritie-koi-se-baranjata-na-zatvorenicite-za-posleden-obrok-pred-pogubuvanje-02.png

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
По клиничка смрт и кома, освоил автомобил, па 250.000 € од грепка: Лудата одисеја на Бил Морган Во 1990-тите, Бил Морган речиси го загубил животот и поминал неколку денови во к...
„Се инфилтрирав во картелот на Ескобар за ФБИ – гледав како свирепо убиваат луѓе, разнесував милиони... „Знаев што им се случува на предавниците во картелот ако ги фатат. Наш извор беш...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...

Најчитани неделава