Кои се четирите работи од кои зависи вашата среќа?

Ако се чувствувате лошо, прво и најважно е да ја дефинирате вашата состојба. Што точно чувствувате? 

Ova se cetiri glavni sostojki za sreka sto treba da gi imate predvid 01

Одредување на проблемот е прв чекор да се чувствувате подобро. Ако мислите дека ова е бесмислено, ќе ви откриеме нешто - вашиот мозок го мисли токму спротивно!

Ова се четирите „состојки“ кои ви се потребни за среќа:

Бидете благодарни

Ако не се чувствувате добро, поставете си го важното прашање: „За што сум благодарен?“ Веројатно се прашувате дали чувство на благодарност има биолошко влијание на мозокот? Одговорот е - да.

Еден од главните ефекти на благодарноста е зголемувањето на нивото на серотонинот. Кога размислувате за она за што сте благодарни се фокусирате на она што е позитивно во вашиот живот.

Тоа е лесен начин за зголемување на серотонинот во вашиот мозок.

Разговарајте за вашите негативни мисли и чувства

Во едно истражување на субјектите им биле прикажани фотографии од луѓе со различни изрази на лицето, при што им биле мерени реакциите на мозокот. Сосема очекувано, амигдалата реагирала на прикажаните емоции.

Кога субјектите биле прашани да ги именуваат емоциите, амигдалата се намалувала. Со други зборови, именувањето на емоциите го намалува нивното влијание врз луѓето.

Ova se cetiri glavni sostojki za sreka sto treba da gi imate predvid 02

Донесете одлука

Дали некогаш сте донеле одлука после која сте чувствувале олеснување? Невробиологијата покажува дека донесувањето одлуки ја намалува вознемиреноста и помага во решавањето на проблемите.

При донесувањето на одлуки, ние создаваме намери и поставуваме цели, што има позитивен ефект врз префронталниот кортекс, односно, ја намалува вознемиреноста.

Приближете им се на луѓето

Во еден експеримент учесниците играле компјутерска игра базирана на фрлање топки. Еден учесник ја фрлал топката, додека другиот ја враќал назад. Всушност, вистинската личност била само од една страна, додека од друга страна бил компјутер, но на учесниците ова не им било кажано.

И што се случило кога овие „други луѓе“ одбиле да ја вратат топката? Мозоците на учесниците реагирале на ист начин како на физичка болка. 

Социјалното исклучување го вклучува предниот цингулатен кортекс. Едноставно кажано - односите со другите луѓе се многу важни за нашиот мозок.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 новогодишни суеверија што (наводно) ќе ви донесат среќа во 2026-та Ставете повеќе пари во паричникот за да биде полн кога ќе влезете во новата годи...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот „Кога се чекирате во хотел, штитете го вашиот личен простор како на банкомат. Ре...

Најчитани неделава