9 типа на луѓе во диско

9-tipa-lugje-vo-disko-povekjeАко немате многу време да излегувате по дискотеки, затоа што сте посветени на работата, хоби, семејство и не знаете баш какви луѓе се движат по градот...

 

...нека ви биде јасно дека работите многу – многу и не се менуваат.

А, ако излегувате често, можеби и ќе се препознаете во некој од овие типови на луѓе во дискотека:

9-tipa-lugje-vo-disko

1. Фосили. Тие служат како историски документ за своето време и младост кое завршило одамна. Најчесто се мажи кои кога имале можност за секс три пати во неделата, немале пари за излегување.

Клубовите служат за да се оправда нивната егзистенција. Сонуваат за поштена девојка која не се влече по клубови. Најчесто пијат виски со ред бул, а користат и кокаин за да издржат до 3 по полноќ.

2. Спортисти. Околу нив нема девојки, затоа што се тешко достапни, а можат да ја имаат која сакаат. Ако се приближи некој блиц рефлексно земаат чаша вода во рака. Ако се фудбалери најчесто се облечени во марка од глава до пета, а од околу млади девојчиња паѓаат во транс.

3. Пропаднати спонзоруши. Тоа се оние тетки со кило колаген и силикони кои не успеале да се омажат или се развеле неколку пати. Дел од нив веќе над 35-тата имаат изгубено надеж дека ќе најдат маж, па се приклучува кон УПС (Урбани пропаднати спонзоруши).

Некои успеале да водат некоја емисија на телевизија, некои да отворат бутик, па се нарекуваат самостојни успешни жени. Од срце ги мразат девојките кои се реплика на они пред 15 години.

4. Странци. Најчесто блејат покрај шанкот и се чудат колку тоа се пие кај нас затоа што нели македонците се сиромашни. Си пијат пиво, а сите од страна ги убедуваат дека ние имаме најдобро пиво на светот. Во меѓувреме шанкерот им наплаќа минимум три пати поскапо.

5. Долгоноги девојчиња. Имаат од 15 до 19 години. Поразвиени се од девојките на 25 години. Носат ултра кратки сукњички со длабоки деколтеа, штикли високи 20cm. Одат на секои 15 минути да си ја поправат шминката во тоалетот и пијат исклучиво мартини.

6. Манекенки. Служат како украс на сепарињата. Кој има најмногу манекенки со него на сепаре- тој е главен мангуп на кој сите му завидуваат. Манекенките излегуваат, прекрстуваат нозе, мрдаат лево десно максимум прават движење со главата и тоа се смета за играње, пијат и грицкаат бадеми кој му следуваат на мангупот што ги части. Најчесто се три глави повисоки од него. Потоа тој ги разнесува по дома.

7. Дебели другарки. Нив ги има најчесто по една во секое друштво на добри женски. Служат да ги мразат другарките и да им кажуваат дека изгледаат како дрољи или дека дечкото со кој флертуваат е тежок сељак. Секогаш се облекуваат во црно и го покажуваат деколтето, затоа што ако ништо друго- големи гради имаат секако.

8. Ѕвезди. Овие влегуваат од ВИП влез и седат на сепаре во ВИП ложата и под око со доза на презир гледаат кон обичните смртници кои се гураат да влезат во диското, а ги нема ни на список.

9. Вратари. Најголем успех е да се познаваш со вратарите, со тој што е на список и со обезбедувањето. Ако не шириш вакви познанства тешко ќе напредуваш во диско културата.

Би можело да ве интересира:

Стари македонски имиња за девојчиња со убаво значење Трендовите се менуваат од година во година, но многумина се прашуваат - каде исч...
Ситуации од секојдневието што ни се познати на сите, низ забавни илустрации Два часа бараме филм за гледање, за да се успиеме пет минути откако ќе го пуштим...
8 мрзливи луѓе и нивните чудни „изуми“ „Може ли некој да биде поголема мрза од ова? Неверојатно дека вака ги оставил ја...
8 знаци дека сте силна личност (дури и кога не верувате во тоа) Силната личност гледа на промените како можност за раст, за нов чекор ...
Какви критериуми требало да исполнуваат актерките во златната ера на Холивуд? Што е гламур? Може ли овој концепт да се сфати одделно од начинот на животот и, ...
Вежби за мозокот со кои ќе го намалите ризикот од деменција Играњето шах бара стратешко планирање и задржување на вниманието, при што ќе ви ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg