Жените со овие 5 имиња се среќнички, заштитени од лоша енергија – дали сте една од нив?

Според астролозите и нумеролозите кај секој од нас, денот, месецот и годината на раѓање имаат влијание врз нашиот живот. Но се верува дека и името кое го носи личноста исто така има влијание.

Zenite-so-ovie-iminja-se-sreknicki-01.jpg

Секое име со себе носи одредена симболика, но се истакнуваат неколку имиња за коишто се верува дека имаат одредена магија и моќна заштита.

Жените кои ги имаат овие 5 имиња се родени победници. Нив ги следи среќна ѕвезда и заштитени се од лоша енергија. 

Откријте дали вашето име го има на следниот список:

Александра

Ова е женскиот облик од машкото име со грчко потекло Александар кое означува „заштитник на луѓето“, „храбар“. Името Александра е прекрасна и симболизира моќ и самодоверба.

Доколку си го крстите детето Александра се верува дека тоа ќе има посебна заштита и сила полесно да чекори низ животот.

Викторија

Ова име во себе носи неверојатна сила и моќ. „Влече“ латински корени и неговото значење се преведува како „победа“ или „победник“. Викторија ќе излезе брзо како победник во каква и да било ситуација.

Неверојатно агилна и ќе се движи кон својата зацртана цел, бришејќи ги како со гума сите пречки на патот. Викторија како личност е енергична, активна, атрактивна. Таа секогаш ќе избира за себе силни и интелигентни партнери.

Ирина

Од старогрчки, Ирина се преведува како „мир“. Девојките и жените кои го носат ова преубаво име се приземни и добро балансирани личности кои зрачат со внатрешна сила и спокој.

Овие жени брзо носат одлуки, преземаат ризици и лесно ги решаваат проблемите без многу мака. Ирина е во состојба секогаш да се заштити самата себеси.

Имаат многу мудрост и енергија која им помага да се спасат дури и во најневеројатните ситуации.

Јелена

Жената со име Јелена е духовита и срдечна. Сепак, Јелена честопати знае да биде и лековерна, но кога еднаш ќе ја повредите нејзиното срце ќе остане засекогаш заклучено за вас.

Името има старогрчко потекло, иако е присутно и во списоците со латински и грчки имиња. Симболизира „сончева“, „светла“, сончева светлина“.

Жените со ова име честопати се на раководни позиции бидејќи може да го најдат излезот од многу тешки ситуации. Ова е име кое ќе ја штити жената од многу негативности во животот.

Татјана

Потеклото на името има 2 варијации. Едната од нив е старогрчка, а во основата означува „организатор, основач“. Другото потекло е древно римско.

Се смета дека ова име изведено од она на сабинскиот крал Тит Тациј што значи „миротворец“. Татјана се одликува со самодоверба, одлучност, поставува сериозни цели пред себе и храбро чекори кон нивното остварување.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
Заборавената сопруга од Србија на Ајнштајн: Му ги решавала математичките проблеми, тој ја изневерува... Првата сопруга на Ајнштајн, Србинката Милева Мариќ, бла гениј исто како и физича...

Најчитани неделава