Бизарни обичаи ширум светот за кои сигурно не сте слушнале

На светот постојат навистина многу бизарни и чудни обичаи за кои знаеме многу малку. 

5 bizarni obicai sirum svetot za koi ne znaevme deka postojat 01

Во продожение можете да прочитате за неколку од нив, а сами одлучете што е најбизарно.

Камшикување во исламски земји и Индија

Постојат верници кои сè уште практикуваат обичаи од античко време. Една таква пракса е почесно камшикување за време на жалување по Мухарам, внукот на Мухамед, кој починал во битката кај Карбала.

Верниците од Индија и исламските земји му оддаваат почит еднаш годишно, со придружување на поворката за време на прославата. Процесијата не е пријатна за гледање, бидејќи мажите се удираат со синџири за да му оддадат почит на Мухарам.

5 bizarni obicai sirum svetot za koi ne znaevme deka postojat 03

На Мадагаскар танцуваат со мртвите

Иако ова се случува ретко, племето Малагаси во Мадагаскар има многу морбидна традиција. На секои седум години, тие ги откопуваат телата на своите најблиски од гробовите и ги завиткуваат во чисти бели крпи.

Сето ова не би било толку чудно да не ги креваа телата во воздух, притоа танцувајќи на гробовите. Оваа интересна традиција полека изумира.

5 bizarni obicai sirum svetot za koi ne znaevme deka postojat 04

Иницирање од момче во возрасен маж во Бразил

Познато е дека племињата за кои знаеме малку сè уште ги негуваат традициите на нивните предци. Едно од оние што ни го привлече вниманието е племето Сатере-Маве во Бразил.

За да може едно момче да стане возрасен маж, тој мора да помине низ ритуалот на иницијација. Ритуалот е крајно болен и вклучува ставање на рацете во корпа полна со вид мравки чии убоди се многу болни.

5 bizarni obicai sirum svetot za koi ne znaevme deka postojat 05

На припадниците на индонезиските племиња им е забрането да го користат тоалетот три дена по нивната венчавка

Ова е традиција негувана од членовите на индонезиското племе Тидонг. Имено, откако младенците ќе се венчаат, забрането им е да одат во тоалет три дена, за да си обезбедат среќен брак.

Младенците се чувани од членовите на семејството, кои внимаваат на нивната исхрана овие три дена.

5 bizarni obicai sirum svetot za koi ne znaevme deka postojat 06

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
„До 26 години се разведов 3 пати – повторно ќе се мажам, но никој не верува дека ќе издржам долго“ „Првпат се венчав на 19 години и навистина не знаев што значи бракот. Сите ми ка...
Тајни што ги кријат градините ширум светот (не можете ни да замислите што сè постои) Краставица која потсетува на влекач, исушени цвеќиња кои наликуваат на костурски...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg