Каизен - Животна филозофија за мир и ред во секојдневието

Се чини дека секоја година добиваме нов концепт на живеење преку книгите. Откако светот го освои хиге, сега е редот на јапонската филозофија на живеење позната како каизен. 

kaizen-zhivotna-filozofij-za-mir-i-red-vo-sekojdnevieto-01.JPG

Но, каизен е всушност модел стар неколку децении. Па, за што точно станува збор?

Самиот поим потекнува од јапонските зборови „каи“ и „зен“, кои буквално се преведуваат како промена на подобро. Првично, ова била филозофија за животот и работата, односно континуирано подобрување на процесот на производство во компаниите.

Терминот го измислил Таичи Оно, „татко“ на системот за производство на автомобилите на Тојота. Имено, ова е термин кој е најрелевантен за Тојота.

За да се намалат загубите во процесот на производство, директорите барале начини да ги намалат моментите во кои се губи времето. Ова не се однесувало само на процесите зад производната линија, туку и за целокупното подобрување на квалитетот на животот на работниците.

kaizen-zhivotna-filozofij-za-mir-i-red-vo-sekojdnevieto-02.JPG

Многу компании денес, гледајќи го успехот на Тојота, без оглед на тоа што прават, ги применуваат овие 10 принципи на каизен:

1. Секогаш треба да се стремите кон подобрување. Работите секогаш можат да бидат подобри отколку што се сега.

2. Секогаш преиспитувајте ја традицијата и, доколку е потребно, отфрлете ги старите начини и прифатете ги новите.

3. Наместо да побарате совет од само еден експерт, прашајте што е можно повеќе луѓе.

4. Не трошете време на изговори, туку фокусирајте се на изнаоѓање решение.

5. Бидете сигурни дека вашата одлука се заснова на докажани факти, а не на нечии мислења.

kaizen-zhivotna-filozofij-za-mir-i-red-vo-sekojdnevieto-03.JPG

6Дојдете до коренот на проблемот што ве мачи и секогаш прашувајте се „Зошто?“ најмалку петпати.

7Пред да потрошите пари за да го решите проблемот, обидете се да најдете поевтино и полесно решение.

8Секогаш преиспитувајте го статус квото.

9Започнете со подобрување сега, дури и ако ги немате сите одговори.

10Бидете вклучени. Вистинска промена мора да вклучува некој што работи на одреден проект или проблем.

Сето ова има значително влијание врз продуктивноста на Тојота, како и на многу други деловни објекти што го имаат имплементирано каизен.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 забавни ситуации во кои ќе се препознаете и себеси и своите колеги Постојат шефови кои секогаш ветуваат награда за екстра работа, а на крајот се пр...
10 моменти во животот кои засекогаш ја менуваат жената Првата љубовна разделба е болно, но важно искуство. Иако жената се чувствува изг...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
6 безбедносни совети кои можат да ви го спасат животот Што да правите ако сте во автомобил на раб на бездна или, пак, ако паднете во бр...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...

Најчитани неделава