Вирален хит: Трик со вода и црн пипер за важноста на миењето раце (видео)

Трикот од оваа креативна учителка треба да го искористите и вие! Брзо и едноставно децата ќе сфатат зошто треба да мијат раце редовно.

trik-so-voda-i-piper-za-decata-da-ja-sfatat-vazhnosta-na-mienjeto-race-video-01.jpg

Периодов постојано слушаме колку е важно редовно и правилно да ги миеме рацете. Но, во екот на корона вирусот дали вашите деца ја сфаќаат важноста на миењето раце?

Со еден забавен трик ќе им го докажете тоа.

Аманда Лоренцо е учителка која работи во градинка во Мајами. Таа сними видео каде во сад со вода има ставено црн пипер за кој на децата им вели дека претставува вирус.

Потоа ги тера децата да брцнат со прст во садот и да видат дали нешто се случува. Пиперот не се помрднува, па дури се лепи на прстот.

Но, откако децата ќе го стават прстот во течен сапун или некое антибактериско средство и ја повторат истата процедура тогаш пиперот, односно „вирусот“, се трга на страна од прстот.

Нејзиното видео стана вирален хит:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
„Го мразев животот во Дубаи – наместо да уживам, работев 80 часа неделно, за плата со која едвај пре... Натали од Англија се преселила во Дубаи на само 18 години, откако добила работа ...
9 реални илустрации колку се менува животот на жените кога имаат 20 vs. 40 години Со годините доаѓа и способноста за поставување граници во комуникацијата со коле...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
16 фото-докази дека има моменти во животот кои се посмешни од циркус „Дента кога тргнав за на колеџ, моите ми дадоа купче пари - сите банкноти кои ма...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...

Најчитани неделава