Трчајќи кон својот сон

trcajki-kon-ostvaruvanje-na-svojot-son-povekjeНа 3-ти февруари 2011, Vlad Isac стигна на половина пат од неговата цел – кампања во која треба да истрча 4.044 милји или приближно 6.511 km.

 

Влад е 25 годишен романец, кој во моментов живее и работи во Виена, Австрија. Неговата цел и сон е да студира право на Харвард.

Ова е голем предизвик земајќи ги предвид статистиките за примени студенти на Harvard Law School, и останатите престижни факултети од овој тип.

И покрај неизвесниот исход, Влад се решава да оди еден чекор понапред и да успее да обезбеди барем дел од потребните средства за неговото образование.

trcajki-kon-ostvaruvanje-na-svojot-son-2

Тој ја направи кампањата „running2harvard“ и негова цел е да претрча 4.044 милји, или приближно 6.511 километри за 16 месеци – ова е еднакво на растојанието помеѓу Виена и Кембриџ.

Тој трча приближно 65 милји секоја недела (105 km) и неговиот план е да го помине ова растојание до септември 2011. Најчесто трча во Виена, и целото негово искуство го споделува на својот блог - http://running2harvard.com/.

trcajki-kon-ostvaruvanje-na-svojot-son-1

Од мај 2010 до денес тој е на половина пат.

Какво е чувството кога знаеш дека си на половина пат до остварување на својата цел и дека треба да поминеш уште толку за само 8 месеци?

Во моментов се чувствувам одлично. Кога започнав со running2harvard воопшто не бев психички силен и имав ограничено искуство во трчање. На моменти ми изгледа нереално што воопшто успеав да стигнам до овде. Ова за мене е само потсетник дека сме способни да остваруваме многу повеќе доколку веруваме во себе.

Често пати ги гледаме другите кои постигнуваат исклучителни резултати и им даваме исклучителни особини. Не веруваме дека сме способни и ние да го направиме истото. Јас сум само еден од примерите дека може да ги оствариме своите цели – ако јас можам да ја истрчам оваа далечина, тогаш секој од нас може.

Кој беше најголемиот предизвик со кој се соочи до сега?

 Најтешко беше да ја задржам мотивацијата и дисциплината за да продолжам понатаму. Не беше лесно справувањето со секојдневните работни обврски, подготовката на апликацијата за Харвард и останатите тековни активности во исто време.

trcajki-kon-ostvaruvanje-na-svojot-son-3

Секој пат кога треба да излезам надвор, правам одлука да продолжам понатаму, да продолжам да трчам. Сепак, донесување на вистинската одлука не секогаш е лесно, особено кога надвор е темно, врне дожд, паѓа снег, дува ветар и е навистина студено. Понекогаш се случува да се загубам во дневната борба, но досега, секогаш сум успевал да се вратам на вистинскиот пат.

Кои се најголемите остварувања до сега?

Мислам дека најголем успех е секогаш кога ќе направам вистински избор. Кога одам надвор и трчам, потоа одам на работа, секој ден сум се поблиску до остварување на својата цел.

Успех е и секогаш кога ќе видам дека „running2harvard“ имало позитивно влијание врз некого и го инспирирало за да оствари свој сон. До сега има неколку примери и ова ме прави навистина среќен и благодарен.

Кои се твоите планови, приоритети за втората половина од кампањата?

Ја поднесов апликацијата за Harvard Law School во средината на јануари 2011 година. Со тоа направив голем чекор во мојата кампања. Во наредните 8 месеци ќе се фокусирам на трчањето и на самата кампања.

trcajki-kon-ostvaruvanje-na-svojot-son-4

Running2harvard е многу повеќе од трчање, станува збор за нашите сништа и борбата за нивно остварување. Јас би сакал да им дадам поддршка на сите во остварување на своите големи и вредни сништа.

Влад, неколку пати како член на AIESEC ја посети Македонија. Какви се твоите впечатоци за нашата земја?

Во Македонија до сега сум бил два пати – еднаш  во 2005та и потоа во 2009та година на две конференции како член на AIESEC. Си поминав одлично и уживав во духот и љубезноста на луѓето. За краток период од 4 години забележав напредок во вашата земја. Но, токму како и мојата родена земја Романија и остатокот од регионот, сметам дека сеуште постои простор за напредок и подобрување, а останува на нас (нашата генерација) да ја преземеме одговорноста во наши раце и да им овозможиме подобар живот на луѓето во нашите земји.

Му посакуваме многу успех и енергија за останатите километри. Вие можете да го следите неговото патување на www.running2harvard.com, на неговата Фејсбук страница http://www.facebook.com/running2harvard, или едноставно да му се придружите во трчањето доколку се најдете во Виена во наредните неколку месеци.

Би можело да ве интересира:

Како да препознаете дали облеката што ја купувате е квалитетна (без разлика на цената)? Обрнете внимание на мирисот – ако облеката мириса чудно, дури и како некое хемис...
Најубавите имиња за девојчиња и момчиња родени во пролет (и нивното значење) Вито – оној кој означува живот, исто како природата во пролет, која оживува. Ири...
„Ако се фокусираш на твоите проблеми, ќе имаш повеќе проблеми“ - Психолошки трикови кои секој треба ... Ако се фокусираш на твоите проблеми, ќе имаш повеќе проблеми. Ако се фокусираш н...
Била опседната со секс, спиела со 300 мажи - Детали за бурниот љубовен живот на Катерина Велика Обожавала еротски масажи, а сопругот ѝ бил еден вид макро. Ретко кој можел да ги...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
Животот пред 30 години и денес: Како изгледа генерацискиот јаз (низ забавни илустрации) Порано родителите само на родителски средби дознаваа за однесувањето на своите д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg