Ведра, верна и искрена – кое е значењето зад името Ивана?

Во текот на ’70-тите години името Ивана беше вистински хит во нашето поднебје. Ивана е всушност женската форма изведена од грчкото машко име Јоханес (Ἰωάννης), односно со потекло од хебрејското име Јоханан (יֹוחָנָן jôḥānān) и значи „Бог е милостив“.

Koe-e-znacenjeto-na-imeto-Ivana-01.jpg

Името се толкува и како „раѓање кое е дар од Бога“.

Иако потеклото на името е еврејско, употребата на ова име се шири низ христијанството. Дури 23 светци на Католичката црква го носеле ова прекрасно име.

Името Ивана има многу варијанти како Иванка, Ива… а на нашите простори многу е застапена и машката варијанта Иван. Ова име е многу поврзано со името Јана, бидејќи и двете имаат корени од името Јован.

Луѓето кои го носат ова име слават именден на празникот Иванден, денот кој е посветен на раѓањето на Јован Крстител. Личностите со името Ивана се ведри, верни и искрени.

Најчесто се смирени и мошне трпеливи, секогаш подготвени да ја понудат својата рака за помош.

Дали и вие имате Ивана во животот на која секогаш може да се потпрете?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Фото-докази дека некогаш животот со цимер е вистински кошмар Неизмиени садови, преполна корпа со ѓубре, храна која стои во кујната со месеци ...
Девојка од Кина во име на љубовта се преселила во Србија и снима хит видеа - се плаши од промаја, пи... Ичен Јовановиќ во име на љубовта се преселила на село во Србија и снима хит виде...
Таинствениот живот на единствениот син на Ал Капоне: Со децении се криел со лажно име Иако некои извори велат дека не му е биолошки син, Ал Капоне имал само љубов за ...

Најчитани неделава