Игнорирајте го мобилниот

koga-da-go-ignorirate-mobilniot-povekjeИако мобилниот телефон е дел од секојдневието не значи дека секогаш треба да го користиме. Постојат места и ситуации каде е подобро да го избегнувате.

 

Ова се само некои од нив:

koga-da-go-ignorirate-mobilniot

1. Кога сте на фризер. Едно – затоа што од тука почнуваат многу трачеви; Второ – затоа што нема смисла фризерот да стои со ножиците на страна додека вие дрндате на телефон.

2. Во тоалет. Не е културно од другата страна да го слушаат звукот на казанчето, а ако сте во јавен тоалет нема потреба сите присутни да ги чујат вашите муабети.

3. На каса. Овде најчесто кога е гужва сите се нервозни. Место да ве чекаат додека зборите на мобилен, побрзајте со ставање на производите во кесите.

4. Додека се расправате со партнерот/ката. Покажете почит и фокусирајте се на разговорот со него/ неа. Немојте повеќе да ја вжештувате ситуацијата со вашите телефонски разговори со пријателите или со бизнис партнерите.

5. На бизнис вечера. Фокусирајте се на разговорот со соработниците. Нема потреба од мјаукање со саканата или пријавување каде сте. Направете го тоа дискретно со СМС или пред вечерата најавете каде сте.

6. На излет во природа. Ако веќе сакате навистина да се релаксирате ова е времето кога треба да го исклучите телефонот и да уживате во убавините на природата.

7. Додека возите. За ваша сигурност, а и да не добиете непотребни трошоци за казна.

8. На претстави и концерти. Покажете почит кон оние што се труделе и вложиле труд за да се претстават во најдобро светло пред публиката.

9. На состанок со потенцијална девојка/дечко. Ова се неколку часа кога треба да се посветите на личноста која седи до вас. Не е време да покажувате колку сте зафатени и барани.

Би можело да ве интересира:

Трагичниот живот на некогашниот најтежок човек на светот – Имал 400kg, 7 години не излегол од дома п... Рики Напути, кој важеше за најтешкиот човек на светот, цели три години пробувал ...
Жена со месеци ѝ праќала вулгарни пораки на ќерка си од скриен број: Приказната зад хит документарец... Повеќе од една година, тинејџерка и нејзиниот дечко добивале вознемирувачки, вул...
14 илустрации за сите жени кои доминираат низ животот Илустраторка ја слави самодовербата, амбицијата и љубовта кон себе, потсетувајќи...
Преплашен е од неа, таа има дечко: Најлудите теории на заговор за бракот на Доналд и Меланија Трамп „Познавам само една личност што го мрази Доналд повеќе од Меланија“, има изјавен...
„Ја организирав евакуацијата по катастрофата во Чернобил – бев само по маичка и здолниште, несвесна ... „Првиот автобус пристигна во 14 часот. Стоев во мојата маичка и моето здолниште,...
Починала во својот дом, ја нашле три децении подоцна: Детали за една од најчудните мистерии од поран... Хедвига Голик починала во 1960-тите или 1970-тите, во нејзиниот стан во Загреб. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg