Паметна, голем борец, вредна и пожртвувана за среќата на другите – кое е значење на името Јована?

Името Јована има исти корени со женското име Ивана, сите изведени од името Иван.

Koe-e-znacenjeto-na-imeto-Jovana-01.jpg

Јована е женската, словенска форма од латинското Iohannes (Иван, Јован) i Iohanna (Ивана, Јована) и на крајот го имаат истото значење и симболика изведени од хебрејското „Iochanana“ што значи „Бог е милостив“ и „Бог е великодушен“.

Името се празнува на денот на Свети Јован Крстител, а покрај Јована празнуваат секако и Јован, Јоана, Јовица, итн…

Девојките кои го носат ова прекрасно македонско име се одликуваат со исклучително дарежлива душа. Подготвени се да ја дадат сета своја нежност, внимание и љубов, сè додека луѓето околу неа се среќни и задоволни.

Жените кои го носат ова име се многу паметни. Учат брзо и лесно, енергични се, многу оптимистични и секогаш во движење. Ретко кога мируваат, бидејќи не ја прифаќаат досадата и честопати преземаат ризици. Обожаваат авантури.

Јована е голем борец, никогаш не се откажува од својата зацртана цел и ретко кога ќе ги погази своите идеали и мислења. Вредни се, трудољубиви и многу пожртвувани за другите, особено за семејството.

Дали и вие имате ангел-чувар по име Јована во вашиот живот?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Девојка од Кина во име на љубовта се преселила во Србија и снима хит видеа - се плаши од промаја, пи... Ичен Јовановиќ во име на љубовта се преселила на село во Србија и снима хит виде...
Фото-докази дека некогаш животот со цимер е вистински кошмар Неизмиени садови, преполна корпа со ѓубре, храна која стои во кујната со месеци ...

Најчитани неделава