Како се слабее кога мразиш вежбање - Девојка изгубила неверојатни 44 kg со танцување (фото)

Ќе заборавите на сите изговори од типот – „теретаната е затворена“ или „не можам да вежбам дома“ кога ќе ги видите резултатите на 20-годишната Тринити Вилс.

Kako-se-slabee-koga-mrazis-vezbanje-01.jpg

Во текот на неполни 2 години, вклучувајќи го и времето поминато во карантин, таа успеала да симне неверојатни 44 килограми, заменувајќи го бројчето 50 на облеката со 38.

Тринити тежела 109 килограми пред да започне да танцува, а сега има 65. 20-годишната студентка од Есекс, Велика Британија го симнала вишокот килограми со танцување.

„Горда сум на себеси до каде успеав да стигнам и дефинитивно ќе продолжам да танцувам. Стигнав до страшна тежина и тоа на млада возраст. Го мразев секој вид на вежбање. Продолжував да јадам наместо да се справам со емоциите“.

Покрај танцувањето, Тринити ја исфрлила сета храна која била лоша за неа, како слатки и грицки кои ги заменила со салати и здрава храна.

Kako-se-slabee-koga-mrazis-vezbanje (5).jpg

Kako-se-slabee-koga-mrazis-vezbanje (3).jpg

Таа се борела со вишокот килограми уште од малечка. Ја нарекувале „дебелката“ во класот и се здебелувала константно околу 6 килограми годишно.

Почнала да чувствува болки во колената поради високата тежина, што ја направило уште помрзелива. Не можела да издржи ниту еден час по физичко воспитување со своите соученици.

Дури и најобична прошетка ја оставала задишана, поради што започнала да избегнува секаков вид на физичка активност.

Kako-se-slabee-koga-mrazis-vezbanje (1).jpg

Kako-se-slabee-koga-mrazis-vezbanje (2).jpg

„Матурската требаше да биде специјален ден, ден за паметење, но не можев да се чувствувам полошо. Секоја девојка сака да изгледа прекрасно на својата матурска забава, но јас се чувствував одвратно и неудобно.

Плачев пред да стигнам. Не се чувствував како да припаѓам таму. Сакав да се сликам со пријателите, но ја мразев секоја слика. Тоа направи да се чувствувам толку лошо во врска со себеси. Сфатив дека не сакам повеќе да се чувствувам така“.

Целта на Тринити била да изгуби дел од телесната тежина со цел да си го подобри здравјето. Но, бидејќи мразела да вежба, се чувствувала прилично несигурно и срамежливо во сала за вежбање, а подоцна и онака биле затворени за време на карантинот, па таа нашла решение – танцување.

Kako-se-slabee-koga-mrazis-vezbanje (6).jpg

Тринити успеала да го симне огромниот вишок на килограми танцувајќи дома на своите омилени песни. Започнала со 2 пати неделно, а потоа започнала да го практикува ова секојдневно.

Kako-se-slabee-koga-mrazis-vezbanje (7).jpg

Kako-se-slabee-koga-mrazis-vezbanje (4).jpg

Прилично инспиративна приказна, нели?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
Лудата приказна за парот кој чувал огромна мечка: Ѝ правеле шпагети, ѝ славеле родендени Почнувајќи од 1970-тите, пар од Шкотска цели 25 години чувал мечка. И покрај тоа...
„Ослабев 50kg со Оземпик - кога престанав да го користам, си ги вратив килограмите за 4 месеци“ „Јас сум меѓу првите луѓе во Британија кои користеле Оземпик. Почнав во 2022-ра,...

Најчитани неделава