Патите ли од Фејсбук синдром?

patite-od-fejsbuk-sindrom-povekjeДека Фејсбук е нешто кое денес секој мора да го има – знаат и врапчињата. Малкумина се оние кои успешно и одолеваат на оваа социјална мрежа.

 

За многумина, да се има што поголем број на пријатели на Фејсбук е нешто престижно, а и добро влијае на нивното его. Но, постои и темна страна поврзана со бројот на пријатели на Фејсбук.

patite-od-fejsbuk-sindrom

Во новото истражување спроведено во Шкотска, истражувачите откриле дека луѓето со најмногу виртуелни пријатели се склони кон анксиозност и стрес.

Откако биле анкетирани 200 студенти, психолозите дошле до заклучок дека 12% од учесниците, оние кои биле под најголем Фејсбук стрес имале во просек 117 пријатели. Останатите 88% имале во просек 75 пријатели. Повеќе пријатели – повеќе грижи.

Под стресни ситуации ги подразбираат бришењето на некои од постоечките пријатели од X причини. Дури 63% одговориле дека често пати го одложуваат потврдувањето на барањата за пријателство пред да го одбијат Friend request –от.

Зависниците од Фејсбук признаваат дека се плашат да се откажат од него затоа што сметаат дека нема да бидат во тек.

„Баш како и коцкањето, Фејсбук ги задржува корисниците во невротична состојба затоа што тие остануваат пред компјутер случајно да не пропуштат нешто добро“ – вели психологот Кејти Чарлс.

Ете зошто сме ние напната нација – кај нас ретко кој има под 200 пријатели, а чести се оние со по 2–3.000 пријатели, па дури и два профили.

Би можело да ве интересира:

Промовира тинејџерска бременост, на 23 години чека 4-то дете: Зошто јавноста ја критикува инфлуенсер... Нара Смит е меѓу најпознатите инфлуенсерки кои се декларираат како „модерни дома...
„Ако сте љубезни со непознати, а дрски дома - Вие не сте добра личност, само градите лажен имиџ“ „Можете да бидете љубезни кон животните, кон продавачите, кон секој странец кој ...
8 пронајдоци од TEMU, за сите кои сакаат дома да им биде под конец Дали се нервирате кога има работи расфрлани по шанк или маса, или кога висат каб...
16 фото-докази дека има моменти во животот кои се посмешни од циркус „Дента кога тргнав за на колеџ, моите ми дадоа купче пари - сите банкноти кои ма...
Тамара: Влегував во кола и од 9 до 11 пеев во Прилеп, а од 11:30 до 1:30 во Битола и дома со истите ... Во последната епизода на „Што го врти светот“, Тамара Тодевска и Тијана Дап...
Без семафори и правила: Како изгледале сообраќајните метежи во минатото? (фото) Градовите немале инфраструктура за автомобили, но ова не ги спречувало луѓето да...

Најчитани неделава