Не ѝ се допаѓало бунтувањето, не ѝ помогнала со брачните проблеми – Каков бил односот на кралицата и принцезата Дијана?

Дијана успеа да ги освои срцата на целиот свет, но многумина се убедени дека не била во најдобри односи со кралицата.

kakva-vsushnost-bila-vrskata-na-dijana-i-kralicata-elizabeta-01.jpg

Не е тајна дека помеѓу двете жени постоеле многу разлики, но колку од гласините се всушност точни?

Во продолжение можете да дознаете нешто повеќе за вистинската врска на Дијана и кралицата Елизабета:

Елизабета сепак била горда на Дијана

И покрај личните проблеми, наводно, кралицата Елизабета ѝ се восхитувала на Дијана и на она што успеала да го постигне. По нејзината смрт, кралицата изјави:

„Дијана беше неверојатно и надарено човечко битие. Во добро и во зло, таа секогаш успеваше да се насмее и да ги инспирира другите со нејзината топлина и добрина“.

kakva-vsushnost-bila-vrskata-na-dijana-i-kralicata-elizabeta-02.jpg

Кралицата покажала сочувство за нејзината осаменост

Целиот свет знае дека Дијана се чувствувала изолирано и осамено во кралската палата, но според гласините, кралицата ѝ покажала сочувство.

Во првите месеци од бракот со Чарлс, Дијана често барала совет од кралицата, која пак со задоволство ѝ помагала.

Авторот Ингрид Севард, кој ја напиша The Queen and Di: The Untold Story, тврди дека Дијана рекла дека ја има најдобрата свекрва во светот.

kakva-vsushnost-bila-vrskata-na-dijana-i-kralicata-elizabeta-03.jpg

Бунтувањето на Дијана не ѝ се допаѓало на кралицата

Членовите на кралското семејство мораат да следат многу правила, но Дијана одбиваше да им се покори.

Понекогаш нејзините изјави, особено после разводот, го оцрнуваа кралството семејство, а на кралицата очигледно не ѝ се допаѓало ова.

kakva-vsushnost-bila-vrskata-na-dijana-i-kralicata-elizabeta-04.jpg

Кралицата не сакала да ѝ помогне со брачните проблеми

Во 1986-та, кога бракот на Чарлс и Дијана почна да се влошува, принцезата побарала помош од кралицата. Тогаш Дијана се справуваше со аферата на Чарлс и Камила, па се обратила кај нејзината свекрва бидејќи била во „брак без љубов“.

Во документарецот Diana: In Her Own Words, принцезата открива што се случило тогаш – Елизабета само ѝ рекла „Не знам што треба да правиш“.

kakva-vsushnost-bila-vrskata-na-dijana-i-kralicata-elizabeta-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Татко му го малтретирал, мајка му не го ни прегрнувала: Тажни детали од детството на кралот Чарлс Кога кралицата Елизабета се вратила од шестмесечна турнеја, не го прегрнала Чарл...
Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg