Не очекувајте ништо од другите - 29 лекции што треба да ги научите до 29-тата година

Животот е непредвидлив, но се чини како сите да одбиваме да го прифатиме ова.

ne-ochekuvajte-nishto-od-drugite-29-lekcii-shto-treba-da-gi-nauchite-do-29-tata-godina-01.jpg

Мислиме дека луѓето треба да се однесуваат според нашите очекувања, се обидуваме да ги промениме саканите и го криеме нашето вистинско јас, плашејќи се од туѓото мислење.

Но сето ова само ви штети, не ви дозволува да станете најдобрата верзија од себе.

Затоа, погледнете ги лекциите кои треба да ги научите што побрзо:

1. Ценете ги сите предизвици со кои ќе се соочите. Секој од нив ќе ве научи на важна лекција.

2. Нештата во животот се случуваат за ваше добро. Некогаш, без разлика што правите, ќе морате да го изодите потешкиот пат, но на крај ќе сфатите дека тоа било за ваше добро.

3. Ценете ја вашата уникатност. Вие сте поразлични од сите луѓе во светот, а токму тоа ве прави убави.

4. Не очекувајте ништо од другите. Сите размислуваат поразлично од вас, и што побрзо го сфатите ова, толку помалку ќе се разочарувате од туѓите постапки.

5. Заборавете на луѓето кои не се радуваат за вас. Штом некој љубомори на вашиот успех, тој не ви е пријател.

6. Научете да кажувате што мислите и што сакате. Другите не можат да ги читаат вашите мисли и морате сами да го кажете и да го побарате она што го сакате.

ne-ochekuvajte-nishto-od-drugite-29-lekcii-shto-treba-da-gi-nauchite-do-29-tata-godina-02.jpg

7. Не мора секогаш да правите компромис. Ако постојано правите компромис за да им удоволите на другите, никогаш нема да бидете среќни.

8. Бидете својот најдобар пријател. Престанете да се критикувате и однесувајте се кон себе како кон најдрагиот пријател.

9. Бидете искрени за вашите чувства. Тие најдобро ќе ви кажат дали сте на вистинскиот пат.

10. Заштитете ја вашата енергија. Не дозволувајте никому да има негативно влијание врз вас.

11. Ако сте емпат, прифатете го тоа. Емпатијата не е клетва, туку дар, и ќе ви помогне да ги зајакнете сите врски во вашиот живот.

12. Научете да бидете дисциплинирани. Колку сте подисциплинирани, толку полесно ќе ги завршувате сите обврски и побрзо ќе стигнете до посакуваната цел.

ne-ochekuvajte-nishto-od-drugite-29-lekcii-shto-treba-da-gi-nauchite-do-29-tata-godina-03.jpg

13. Сами пронајдете го вашиот пат. Не мора да следите никого, туку правете го она што сметате дека е правилно и најдобро за вас.

14. Слушајте ја вашата интуиција. Таа никогаш нема да ве излаже.

15. Не донесувајте одлуки според туѓото мислење. Само вие знаете во каква положба сте и само вие можете да ја донесете вистинската одлука за вас, без разлика што мислат и велат другите.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Проклетството на Британец што освоил 170 милиони евра на лото: Развод, сообраќајка и пропаднати бизн... Во 2012-та, животот Британецот Адријан Бејфорд драстично се променил откако осво...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg