Како Никола Тесла го тренирал мозокот: 3 навики кои ги обновуваат мозочните ќелии и го поттикнуваат паметењето

Овие вежби на Никола Тесла се најдоброто нешто што може да го направите за вашиот ум. 

Kako-Nikola-Tesla-go-treniral-mozokot-01.jpg

Тесла бил еден од најголемите генијалци на сите времиња, но што придонело за ова? Постојат ли трикови со чија помош големиот иноватор се трудел да ја зголеми својата продуктивност? Можеме ли и ние да ги примениме истите со цел да станеме поуспешни?

Во текот на животот, таткото на наизменичната струја константно работел на нови проекти и честопати ги реализирал до самиот крај.

Со цел мозокот постојано да осмислува нови и нови идеи, а да се спречи неговото стареење, потребен му е тренинг, слично како и на нашето тело. Доколку сакаме да го спречиме прераното уништување на мозочните ќелии, важно е да практикуваме одредени навики.

Погледнете како изгледале тие за Тесла:

1. Добро размислете пред да направите што било

Никола Тесла честопати говорел како може да ја замисли машината во умот и ретко правел нацрти при почетокот на нивната изградба.

Овој процес на визуелно размислување не е својствен за многу од луѓето, но основата на идејата е дека треба да се сконцентрираме на крајниот производ првенствено во мислите.

За креативно размислување честопати е неопходно да се опуштите и да поработите на проблемот во својата глава.

Во својата автобиографија, Тесла вака го опишува процесот:

„Мојот метод е поинаков. Јас не брзам со конкретна работа. Кога ќе добијам идеја, веднаш почнувам да ја градам во својата фантазија. Ја менувам конструкцијата, правам поправки и ја управувам машината во својот ум. За мене е потполно неважно дали ќе ја тестирам турбината во главата или во работилницата. Забележувам дури и кога не работам добро. Разлика нема, а резултатот е ист“.

Овој тип на визуелизација значително придонесува за работата на мозокот.

2. Одете на прошетка

Познато е дека одењето на кратка прошетка има свои предности кога станува збор за креативноста. Тесла го делел ова мислење, и иако неговите прошетки станале дел од неговото опсесивно компулсивно однесување, неколку моменти на еурека ги добил токму за време на нив.

Идејата за наизменична струја ја добил за време на една прошетка во 1881 година. Тесла се преселил во Будимпешта закрепнувајќи од нервен слом, а додека шетал низ паркот со пријателите рецитирајќи поезија, одеднаш муи „светнала“ идејата за наизменичната стрја.

3. Работете сами на проблемите

Како и многу иноватори и креативни луѓе, и Тесла бил застапник на идејата дека треба да се осамите додека креирате и размислувате.

Ова е еден од неговите цитати на темата:

„Умот е поостар и поконцентриран кога сте во непрекината самотија. За размислување не ви е неопходна голема лабораторија. Оригиналноста се раѓа од осаменоста и ослободувањето од впечатоците кои ни го оштетуваат креативниот ум. Бидете сами, тоа е тајната на изумителите, бидете сами, тогаш се раѓаат идеите“.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Никола, Ана: Имиња кои означуваат среќа и се благослов за тие што ги носат Лука - Име кое често се поврзува со светлина и добри работи, а последниве години...
По клиничка смрт и кома, освоил автомобил, па 250.000 € од грепка: Лудата одисеја на Бил Морган Во 1990-тите, Бил Морган речиси го загубил животот и поминал неколку денови во к...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...

Најчитани неделава