Што им е заедничко на овие 5 Инстаграм инфлуенсерки кои заработуваат милиони?

Во право се луѓето кога велат „кој како си ја наредил“ или „снајди се, па живеј“! На некои девојки едноставно коцките им се редат како што сакаат.

sto-im-e-zaednicko-na-ovie-5-instagram-influenserki-koi-zarabotuvaat-milioni-01.jpg

Овие моќни инфлуенсерки имаат едно нешто заедничко – сите во некој момент од својот живот биле девојки на членовите од групата „One direction“.

Пред тоа биле потполно непознати на јавноста, а сега заработуваат милиони.

Прва на листата е Нилам Џил (25) која е поранешна девојка на Зејн Малик и благодарение на ова има над 194.000 следбеници на Инстаграм.

За еден пост на Инстаграм заработува околу 1.000 евра, а сега е заштитно лице на многу брендови.

Бријана Јунгвирт (28) е втора на листата. Благодарение на врската со Луис Томилсон, има околу половина милион следбеници на Инстаграм, а една нејзина објава чини околу 3.000 евра.

Луис и Бријана имаа кратка афера која резултираше со бременост. Брзо се разделија, а Бријана редовно објавува фотки од детенцето.

Даниел Пизер (32) од врската со Лијам Пејн стекна повеќе од милион следбеници, а еден нејзин пост на Инстаграм чини околу 6.000 евра.

После двегодишната врска со Лиам Пејн, таа стана фитнес инфлуенсерка.

Софија Смит (26) од врската со Лијам Пејн излезе „побогата“ за милион следбеници кои и носат околу 5.000 евра по пост на Инстаграм. Таа сега е модна блогерка.

Елеонор Калдер (27) е уште една „среќничка“ која профитирала од врската со Лијам Пејн. Таа денес има преку 3 милиони следбеници на Инстаграм и еден нејзин пост чини околу 16.000 евра.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
„Се преселивме во Виетнам на 10 минути од плажа – за сметки и кирија плаќаме 325 € месечно, за храна... „Живееме во Да Нанг и плаќаме 325 евра за кирија и сметки. Во оваа сума се вклуч...
Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...
Проклетството на Британец што освоил 170 милиони евра на лото: Развод, сообраќајка и пропаднати бизн... Во 2012-та, животот Британецот Адријан Бејфорд драстично се променил откако осво...
Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна? Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg