Не е дека „имате слатка крв“ - зошто ве касаат комарци?

„Сезоната на комарци“ е официјално отворена. Ако сте честа мета на комарците сигурно си мислите „слатка крв – затоа ме касаат“. Но, ќе ве разочараме. Комарците ве напаѓаат заради друга причина.

ne-e-deka-imate-slatka-krv-zosto-ve-kasaat-komarci-01.jpg

Нив ги привлекува човечкиот здив т.е. јаглеродниот диоксид кој го издишуваме, во комбинација со разни хемикалии, создава мирис кој комарците можат да го почувствуваат и на 30m оддалеченост.

Биологот Барт Кнолс тврди дека секоја личност ослободува повеќе од 300 различни хемикалии од кожата, а дури 100 од нив се во здивот.

Уште еден важен фактор е и мирисот на кожата.

Така на пример, жолтите и тигрести комарци ги привлекува млечната киселина, додека обичниот комарец е склон кон масна киселина.

Постои и верување дека луѓето кои јадат кромид и земаат суплементи со витамин Б ги одбиваат комарците, но биологот вели дека не постојат доволно докази за ова.

ne-e-deka-imate-slatka-krv-zosto-ve-kasaat-komarci01.jpg

А, какви хемикалии испуштаме, зависи од тоа што го јадеме и нашите хигиенски навики.

Јапонските научници пак, веруваат дека крвната група е пресудна за комарците. Па така, личностите со 0 (нулта) крвна група се најчеста мета. А, најмалку веројатно дека ќе ве каснат е ако сте крвна група А.

Прочитајте и: Трикови кои ќе ви помогнат да се „спасите“ од досадните комарци во лето.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
Чудна сенка, необјаснива светлина: Луѓе споделуваат фотки од кои ќе ве полазат морници „Си дојдов од работа и видот отисок од дланка на мојот нов душек. Живеам сам...“...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
11 чудни и (скоро) неупотребливи дизајни, што ќе ве насмеат Кревет закачен на ѕидот, прекинувач за фен во бањата „скриен“ скоро на таванот в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg