Секоја жена треба да...

sekoja-zena-treba-da-povekjeНашиот живот често знае да се претвори во монотон филм. Стануваме секој ден во исто време, појадуваме исто и не правиме разлика меѓу среда и петок.

 

Некогаш треба да направите исклучок и барем еден ден за вас да биде посебен. Ова се неколку предлози за нешта кои треба да ги направите – макар само еднаш и никогаш повеќе.

sekoja-zena-treba-da

1. Направете свој празник. Еднаш во месецот или годината – не е важно. Организирајте ден каде ќе славите за себе. Пијте вино за појадок, јадете масна храна, преспијте го целиот ден или направете фотосесија – празнувајте се себе си.

2. Напијте се чаша вино на панорама. Качете се на рингишпил, некоја светска панорама и напијте се чаша вино. Наздравете за убавите моменти.

3. Офарбајте ја косата во некоја скроз несоодветна боја. Модните утки се едни од позабавните моменти во животот.

4. Напијте се утринско кафе пред Тифани. Ако некогаш патот ве доведе во Њујорк, после лудата журка појадувајте пециво и кафе пред Тифани.

5. Подарете и го поранешниот дечко на другарка ви. Ова не е нешто што треба, но најчесто се случува. И научете да бидете херој, колку и да ви се повраќа од самата помисла. Среќен пат – глава горе!

6. Облечете венчаница. Без оглед на тоа дали ќе се мажите или не, венчаницата е нешто кое мора да се проба еднаш во животот. Да знаете каква невеста би биле.

7. Смејте се себе си. Извадете стари слики кога сте биле она утепано девојче. Сега може да почнете да се смеете. Старт!

8. Загубете ја големата љубов. За жал не завршуваат сите љубови како во Дизни, но преболувањето иако мачен и тежок чин, често може да биде смешно и интересно.

9. Снимајте филм. Земете апарат и снимајте филм во текот на целиот ден. Кога ќе го погледнете за некоја година ќе уживате во снимките од минатото.

10. Направете нешто крајно несоодветно. Што и да е тоа според вас, време е да го направите.

Овие 10 заповеди се само идеи кои може да ви помогнат да се чувствувате подобро во својата кожа. Уживајте во себе.

Би можело да ве интересира:

10 забавни ситуации во кои ќе се препознаете и себеси и своите колеги Постојат шефови кои секогаш ветуваат награда за екстра работа, а на крајот се пр...
Што се читаше најмногу на CRNOBELO.com во 2025-та? Трагедијата што ја погоди Македонија остави голема трага врз 2025-та, но никогаш...
„Мона Лиза“ и уште 6 од најскапите предмети кои биле украдени – по дел уште се трага Сликата „Мона Лиза“ која денес се проценува на повеќе од една милијарда долари, ...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
Кога ќе ни дојдат гости во Македонија: Им даваме стари влечки (а ги нудиме и нашите), а тема ни е де... „Без разлика дали се најавени или не... Гостите кога пристигнуваат, во последна ...
Фотки кои ќе ве потсетат што сè преживеавме за време на пандемијата Некои носеа маски, а некои цел скафандер за да се заштитат, а учењето и работење...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg