„Крунисана“, упорна, дива, но и осамена – значењето на името Стефанија

Женската форма од името Стефан има грчко потекло „Στέφανος“ (Стефанос), чиј превод симболизира круна, венец, крунисана. Најчестите варијации на името Стефанија се Стефанка, Стефани, Стефка, Стефи.

Znacenjeto-na-imeto-Stefanija-01.jpg

Во преносно значење името значи „оној кој е крунисан, кој е овенчан“. Стефанија најчесто им се дава на децата родени во јануари, околу празникот Свети Стефан, на 9-ти јануари, но името не е тесно поврзанo исклучиво со именденот. Прилично е популарно на балканските простори, особено во Македонија.

Атрибутите кои се поврзуваат со името Стефанија се: темпераментна, весела, внимателна, но и сериозна кога тоа се бара од неа. Сепак, по природа се диви и склони кон правење несолени шеги.

Стефанија е синоним за упорна, и покрај својата емоционалност и ранливост. Во потрага се по некој што ќе ги заштитува и сака по секоја цена. Честопати се чувствуваат осамено, токму затоа имаат широк круг на пријатели и посакуваат големо семејство.

Означете ја вашата сакана Стефанија и посакајте ѝ убав викенд.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5-те најскапи хотели во светот (што можеме да ги видиме само на фотки) Два од најскапите хотели се наоѓаат во Дубаи, додека најскапиот е на Карибите и ...
Работи кои ни беа норма во `90-тите и 2000-тите, но новите генерации тешко дека ќе ги преживеат „Денешните деца не знаат што значи да им биде навистина здодевно“. „Денешните...
Ужасни фотки од храна од кои ќе изгубите апетит Лазања со кулен наместо мелено месо, англиски појадок до јајца кои очигледно не ...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
11 чудни и (скоро) неупотребливи дизајни, што ќе ве насмеат Кревет закачен на ѕидот, прекинувач за фен во бањата „скриен“ скоро на таванот в...
Фрустрирачки фотки од ресторани и компании за храна кои бесрамно лажат Пица со половина домат кој не е ни исечен, десерт за деца кој изгледа како од хо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg