5-те најскапи хотели во светот (што можеме да ги видиме само на фотки)
Два од најскапите хотели се наоѓаат во Дубаи, додека најскапиот е на Карибите и всушност е подморница.

Додека повеќето гледаме да поминеме што е можно поевтино кога патуваме некаде, богаташите имаат други приоритети.
Не им е важно ако треба да платат и повеќе од годишна плата за една ноќ, ако тоа значи дека ќе имаат буквално сè што ќе посакаат.
Кои се петте најскапи хотели во светот?
The Lover’s Deep – Света Луција, Кариби
Најскапиот хотел во светот се наоѓа во Света Луција, на Карибите, и една ноќ чини и до 150.000 евра.
Хотелот е всушност подморница која нуди уникатна соба со поглед во океанот и, секако, специјалитети од врвни готвачи.
Atlantis the Royal – Дубаи, Обединети Арапски Емирати
Најскапата соба во луксузниот хотел во Дубаи чини дури 100.000 долари за ноќ.
Во цената е вклучена соба со поглед кон Дубаи, но и приватен базен.
