Добротворна организација им помага на сирачињата од Уганда да го покажат неверојатниот талент за танцување (видео)

Во склоп на една добротворна организација, дечињата од Уганда кои останале без родители го покажуваат нивниот неверојатен талент за танцување преку забавни видеа.

dobrotvorna-organizacija-im-pomaga-na-sirachinjata-od-uganda-da-go-pokazhat-neverojatniot-talent-za-tancuvanje-video-01.jpg

Организацијата Masaka Kids Africana им помага на децата од Уганда да го изградат својот живот преку нивните таленти.

Во склоп на организацијата, децата од Уганда кои останале без еден, или без двајцата родители, имаат можност за образование, но и за забава – сите деца се неверојатни танчари, па редовно снимаат видеа со забавни африкански танци.

dobrotvorna-organizacija-im-pomaga-na-sirachinjata-od-uganda-da-go-pokazhat-neverojatniot-talent-za-tancuvanje-video-02.jpg

Според веб-сајтот на организацијата, во Уганда има најмногу сираци во светот – околу 2,4 милиони деца. Причини за ова има безброј – од епидемијата со СИДА и сиромаштијата, па сè до многуте конфликти во државата.

dobrotvorna-organizacija-im-pomaga-na-sirachinjata-od-uganda-da-go-pokazhat-neverojatniot-talent-za-tancuvanje-video-03.jpg

Токму поради тоа, организацијата си дала цел да им обезбеди засолниште, храна, облека образование и медицинска нега на овие деца.

„Masaka Kid Africana ги спонзорира децата кои поминале низ најлошите нешта што можат да му се случат на едно дете – но преку танц и песна и споделување на нивната љубов кон Уганда, овие деца се поврзуваат едни со други и со светот. Тие го гледаат нивниот потенцијал – тие имаат надеж за нивната иднина“, пишува на сајтот на организацијата.

dobrotvorna-organizacija-im-pomaga-na-sirachinjata-od-uganda-da-go-pokazhat-neverojatniot-talent-za-tancuvanje-video-04.jpg

Организацијата има згрижено деца на секоја возраст, а танцувањето им се допаѓа и нив, и на нивната публика. Покрај видеата што ги објавуваат, децата понекогаш имаат и настапи во живо, кои секогаш биле проследени со големи овации.

dobrotvorna-organizacija-im-pomaga-na-sirachinjata-od-uganda-da-go-pokazhat-neverojatniot-talent-za-tancuvanje-video-06.jpg

„И покрај трагедијата која ги погодила нивните млади животи, децата се полни со надеж, музички надарени и многу забавни“, велат од организацијата.

dobrotvorna-organizacija-im-pomaga-na-sirachinjata-od-uganda-da-go-pokazhat-neverojatniot-talent-za-tancuvanje-video-05.jpg

Навистина одличен начин да им се помогне на овие дечиња, но и да се поттикнат да ја ценат својата култура и да ги покажат нивните неверојатни таленти.

Погледнете дел од кореографиите на овие млади талентирани танчари:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

16 забавни фотографии што ќе ве изненадат како снег среде лето „Сакав да се освежам со сладолед на плажа, си купив во еден макрте и кога го гри...
„Другарка ме третира како бесплатна дадилка – ми ги остава децата без најава, очекува да им готвам“ „Јас работам од дома и немам деца. Но, не сум во финансиска состојба која ми ово...
Работи кои ни беа норма во `90-тите и 2000-тите, но новите генерации тешко дека ќе ги преживеат „Денешните деца не знаат што значи да им биде навистина здодевно“. „Денешните...
Моќно видео: Немажените сакаат брак, невработените - работа, паровите без деца - деца, но... Тие што се во брак размислуваат за развод. Тие што се сингл сонуваат да се ожена...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...

Најчитани неделава