Која е сестрата на Меланија Трамп? Инес Кнавс умешно се крие од јавноста

За приватниот живот на Меланија Трамп е секогаш интересно да се зборува и истражува. Еден дел од него, таа успева да го сокрие од очите на јавноста.

koja-e-sestrata-na-melanija-tramp-ines-knavs-umesno-se-krie-od-javnosta-01.jpg

Ретко кој знае за нејзината две години постара сестра Инес Кнаус. Инес и Меланија биле отсекогаш многу блиски, и до денес се голема поддршка една на друга.

Инес живее во Њујорк и ретко кога може да ја видите во јавност со Меланија.

koja-e-sestrata-na-melanija-tramp-ines-knavs-umesno-se-krie-od-javnosta-02.jpg

Сестрите се родени во малото гратче Севница во Словенија. Нивните родители Виктор и Амалија Кнавс се преселиле во Америка следејќи ги нивните две ќерки.

koja-e-sestrata-na-melanija-tramp-ines-knavs-umesno-se-krie-od-javnosta-03.jpg

Виктор работел како продавач во компанија за автомобили, а Амалија во фабрика за детска облека. Честопати нивната мајка правела дизајнирана облека за девојките. Штом Меланија научила да скицира – таа започнала да дизајнира облека, а нејзината мајка и сестра ги шиеле моделите.

Сестрите завршиле средно училиште во Љубљана, и сонувале да станат светски познати дизајнери.

Инес и Меланија имаат и полубрат, Денис Цигелњак, роден пред да се запознаат Виктор и Амалија, но нивниот татко никогаш не го признал Денис за свој син, и не го запознал со семејството.

koja-e-sestrata-na-melanija-tramp-ines-knavs-umesno-se-krie-od-javnosta-04.jpg

Додека живеат во главниот град, Меланија ја започнува кариерата на модел, а во раните 90-ти се сели во Милано. Кај Инес останува желбата за да се пробие во модната индустрија како дизајнер.

Сестрите го промениле презимето од Кнавс, во Кнаус, да звучи повеќе германски.

Инес се сели во Њујорк кога Меланија потпишува договор за работа со модната агенција Paolo Zampolli, по што таа добива работна виза за САД и се запознава со нејзиниот иден сопруг, Доналд Трамп, на забава во 1998-ма година.

Taa во моментов живее во стан на Парк Авенијата, вреден 2 милиони долари, во сопственост на Трамп.

Инес на социјалните мрежи објавува исклучиво фотки од детството и младоста.

koja-e-sestrata-na-melanija-tramp-ines-knavs-umesno-se-krie-od-javnosta-05.jpg

Прочитајте и: Ја изневерил со 2 жени во ист викенд: Нови мрачни тајни за бракот на Доналд и Меланија Трамп

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Преплашен е од неа, таа има дечко: Најлудите теории на заговор за бракот на Доналд и Меланија Трамп „Познавам само една личност што го мрази Доналд повеќе од Меланија“, има изјавен...
Што навистина се случува во бракот на Доналд и Меланија (зад затворени врати)? Според Доналд и Меланија, нивниот брак е совршен, тврдат дека немале ниту една к...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
Го застрелала убиецот на ќерка ѝ во полна судница: Детали за случајот што до денес го дели мислењето... Некои би ја нарекле убиец, а некои хероина, но Маријан Бахмајер имала само една ...
Жена со месеци ѝ праќала вулгарни пораки на ќерка си од скриен број: Приказната зад хит документарец... Повеќе од една година, тинејџерка и нејзиниот дечко добивале вознемирувачки, вул...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg