8 бонтон правила кои секоја дама треба да ги почитува во ресторан

Хартиената салфетка никогаш не треба да ја ставате во чинијата, иако сте завршиле со оброкот.

8-bonton-pravila-koi-sekoja-dama-treba-da-gi-pochituva-vo-restoran-01.jpg

Ана Беј е инфлуенсерка која живее во Лондон, а родена е во Шведска, и дава упатства како треба да се однесуваат вистинските дами.

Дел од бонтон правилата што ги препорачува Ана:

- Дамите никогаш не треба да ја стават чашата вино на погрешно место, откако ќе се напијат голтка. Чашата вода треба да стои лево, а чашата вино десно, поблиску до чинијата.

- Чашата вино држете ја за столчето, а не со прстите околу неа.

- Ако сакате да си ја дополните чашата, запомнете дека секогаш прво треба да ја надополните чашата на личноста што седи со вас, а потоа вашата.

8-bonton-pravila-koi-sekoja-dama-treba-da-gi-pochituva-vo-restoran-02.jpg

- Листовите од салатата не треба да ги сечете, туку треба да ги јадете цели.

- Лебот кога сте во ресторан секогаш треба да го кршите на мали парченца и да го јадете така.

- Дама никогаш не смее да нанесува шминка додека седи на маса, мора да појде во тоалет за тоа.

8-bonton-pravila-koi-sekoja-dama-treba-da-gi-pochituva-vo-restoran-03.jpg

- Дури и кога сте настинати не треба да го дувате носот на маса, туку треба да појдете во тоалетот.

- Хартиената салфетка никогаш не треба да ја ставате во чинијата, иако сте завршиле со оброкот.

8-bonton-pravila-koi-sekoja-dama-treba-da-gi-pochituva-vo-restoran-04.jpg

Видеото со упатствата од Ана:

Прочитајте и 25 бонтон навики по кои ќе ја препознаете вистинската дама

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 бонтон правила кои ги кршите дури и без да знаете, низ илустрации Не се заблагодарувате на луѓето, ги третирате келнерите како да ви се слуги... К...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Фрустрирачки фотки од ресторани и компании за храна кои бесрамно лажат Пица со половина домат кој не е ни исечен, десерт за деца кој изгледа како од хо...
Модерни бонтон правила: 9 работи што не треба да ги кажете преку порака Ако озборувате некого преку порака, без разлика дали на Фејсбук, Инстаграм или д...
Фото докази нема ништо посилно од љубовта кон братот или сестрата „Другар ми секоја недела ѝ објаснува алгебра на сестра му преку видеоповик“. ...
Бонтон правила за јадење во ресторан со кои ќе делувате како отмена личност Не дувајте на храната за да ја изладете и немојте однапред да го сечете целото ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg