400 вагини на еден ѕид?!

400-vagini-na-eden-zid-povekjeЗа пет години, британскиот уметник Џејми Меккартни, успеал да собере 400 отпечатоци од вагини за да од нив го направи "The Great Wall of Vaginas".


Контроверзното уметничко дело ќе биде премиерно претставено на јавноста овој месец во склоп на фестивалот Фринг во Брајтон.

Скулптурата е долга 9 метри, а е направена од 400 излиени гипсени женски вагини, на жени на возраст од 18 до 76 години. Меккартни го работел ова 5 години.

400-vagini-na-eden-zid-1

Авторот објаснува дека не станува збор за уште една провокација или сензација на светската уметничка сцена. Оваа скулптура претставува друштвено ангажирана уметност, а тој тврди дека неговото дело не е вулгарно.

"The Great Wall of Vaginas" го сочинуваат најинтимните делови на 400 жени: мајки, ќерки, трудници, близначки... Желбата на авторот е да ја предупреди јавноста на искривената перцепција на женските гениталии, но и конечно да ги научи сите како изгледа женската вагина.

400-vagini-na-eden-zid-2

Признава дека и самиот е изненаден на позитивните реакции на жените на неговиот најнов проект. Инаку Меккартни има стекнато диплома на американската академија Хартфорд и се занимава освен со скулпторство и со проучување на човековото тело и филм.

Би можело да ве интересира:

8 работи што некогаш беа норма, но денес ги гледаме како луксуз, низ илустрации Апаратите во домот траеја цела вечност и некои постари лица уште си ги користат ...
Ладнокрвно убил дете бидејќи бил жртва на булинг: Морничавата приказна за 13-годишниот „убиец со пег... Во 1993-та, 13-годишниот Ерик Смит од САД ладнокрвно убил 4-годишно дете бидејќи...
10 архитектонски идеи од различни земји, кои ќе ви го сменат мислењето за секојдневниот живот Од подводни ресторани, преку дрвени скали кои се користат и како библиотека, до ...
Ладнокрвно убил човек, па тврдел дека бил „опседнат од ѓаволот“: Вистинската приказна зад The Conjur... Во раните 1980-ти, 19-годишен дечко од мало гратче во Конектикат убил маж. На го...
„Пријателката ми исчезна од животот преку ноќ - ме боли повеќе од развод“ „Ги гледавме нашите деца како растат и се поддржувавме кога нашите бракови заврш...
Грешки со кои им ја олеснувате работата на крадците кога сте на патување Не го прицврстување телефонот со ремче или нешто слично додека фотографирате нао...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg