Како се запознале најпопуларните парови од британското кралско семејство?

Можеби некои љубовни приказни на членовите од британското кралско семејство завршија со развод, но сепак постојат и оние кои го издржале тестот на времето.

kako-za-zapoznale-najpoznatite-parovi-od-britanskoto-kralsko-semejstvo-01.jpg

На пример, знаевте ли дека принцот Филип и кралицата Елизабета го имаат најдолгиот брак во историјата на британското кралско семејство? Очекувано, со оглед на годините...

Во продолжение дознајте како се запознале Филип и Елизабета, но и другите популарни парови од кралското семејство:

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон

Кејт и Вилијам се запознаа во 2001-ва, во периодот кога и двајцата студираа на Saint Andrews University, а наводно ја почнале врската во 2003-та. Иако тие не ја потврдија врската официјално, јавноста знаеше за нив.

Парот почна да привлекува најмногу внимание во 2008-ма, кога извесен период беа разделени, но сепак присуствуваа на исти настани. Само неколку месеци после разделбата, Вилијам и Кејт ѝ дадоа уште една шанса на врската, а веќе во 2010-та година ја објавија свршувачката.

Принцот Вилијам ја запроси Кејт со прстен кој ѝ припаѓаше на Дијана, а се венчаа во април 2011-та. Сега тие се родители на три деца – Џорџ, Шарлот и Луи – а изворите велат дека Кејт веќе се подготвува за титулата кралица на Англија.

kako-za-zapoznale-najpoznatite-parovi-od-britanskoto-kralsko-semejstvo-02.jpg

Принцот Хари и Меган Маркл

Меган и Хари се запознаа во 2016-та, на состанок на слепо организиран од нивен заеднички пријател, чиј идентитет уште е мистерија.

Кога јавноста дозна за нив, Меган сподели дека неколку месеци биле во врска, но не кажувале никому. Пред официјално да ја потврдат врската, парот беше на заедничко патување во Боцвана, а тој период Меган сè уште глумеше во серијата Suits.

Конечно, во 2017-та година, тие првпат се појавија како пар, а до крајот на годината ги соопштија вестите за нивната свршувачка.

Хари и Меган се венчаа во мај 2018-та, го добија синчето Арчи, а околу една година подоцна најавија дека се одделуваат од кралското семејство. Денес парот живее во САД, а сега договориле интервју со Опра во кое наводно ќе споделат многу детали за кралското семејство и нивната одлука да си заминат од таму.

kako-za-zapoznale-najpoznatite-parovi-od-britanskoto-kralsko-semejstvo-03.jpg

Принцот Чарлс и Дијана

Според извори блиски до кралското семејство, Чарлс и Дијана се запознале во 1977-ма, кога таа имала само 16 години. Тој период Чарлс беше во врска со нејзината сестра Сара.

Бидејќи Чарлс редовно го посетувал домот на Сара, често ја гледал Дијана и со текот на времето се вљубил во неа. Во 1980-та тој ја запозна Дијана со неговото семејство и бидејќи доби дозвола од нив да ја продолжи врската, ја побара за жена веќе следната година.

Тие се венчаа во јули 1981-ва, а преносот од церемонијата го следеа над 750 милиони луѓе ширум светот. За жал, после неколку години тие најавија дека се разделуваат, а во 1996-та се разведоа.

kako-za-zapoznale-najpoznatite-parovi-od-britanskoto-kralsko-semejstvo-04.jpg

Кралицата Елизабета и принцот Филип

Елизабета имала само 8 години кога првпат го сретнала Филип во 1934-та. Пет години подоцна тие повторно се сретнале, а тогаш почнале и да се допишуваат и се вљубиле еден во друг.

Во 1946-та принцот Филип ја побарал раката на Елизабета, но нејзиниот татко, кралот Џорџ, му рекол да почека дури да наполни 21 година. Следната година, кога Елизабета наполни 21, парот се венчаше, а моментално тие го имаат најдолгиот брак во историјата на британска монархија.

kako-za-zapoznale-najpoznatite-parovi-od-britanskoto-kralsko-semejstvo-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Самоубиство, предозирање, убиство: Деца генијалци чии животи завршиле трагично Програмерскиот гениј Арон Шварц изврши самоубиство на само 26 години, додека ист...
Љубовните афери кои британското кралско семејство сака да ги заборавиме Аферата на принцот Ендру со актерка од еротски филм, но и двете афери на принцез...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg