93-годишна бабичка е хит на ТикТок – открива како да скриете пари и уште многу корисни трикови (видео)

Кога станува збор за криење пари по дома, сигурно веќе имате неколку места што постојано некој ви ги наоѓа. Оваа бабичка меѓу другите корисни трикови, ќе ви даде идеја како да ги скриете парите за никој да не ги најде.

Kako-da-skriete-pari-i-drugi-korisni-trikovi-Babichka-93-vistinski-hit-na-socijalnite-mrezzi-01.jpg

Оваа 94 годишна бабичка стана вистински хит на социјалните мрежи заедно со нејзиниот 28 годишен внук. Бабичката Паулин Кана (позната како и Granny Smith) и нејзиниот внук Рос Смит, „растураат“ на социјалните мрежи.

Kako-da-skriete-pari-i-drugi-korisni-trikovi-Babichka-93-vistinski-hit-na-socijalnite-mrezzi-02.jpg

Пред осум години Рос Смит бил на колеџ во Универзитетот во Дејтон кога почнал да снима кратки видеа за Vine. Собрал поголем број следбеници, но за еден од неговите клипови, ја замолил баба му Паулин да блокира додека дава кошеви. Од овој миг сè останато е историја.

По ова Рос и неговата бабичка го освоија светот. Првите неколку години видео клиповите биле мошне популарни, но не им носеле поголем профит. Внукот Рос еден период паузирал со објавувањето видеа на социјалните мрежи за да го заврши Мастер студии на Универзитетот во Дејтон и професионално се занимавал со рагби во Европа во 2015-тата.

Kako-da-skriete-pari-i-drugi-korisni-trikovi-Babichka-93-vistinski-hit-na-socijalnite-mrezzi-03.jpg

Но по некое време, сфатил дека ужива да работи со баба му, па така целосно се посветил на комичното шоу и успеал да изгради успешна кариера и за двајцата.

Kako-da-skriete-pari-i-drugi-korisni-trikovi-Babichka-93-vistinski-hit-na-socijalnite-mrezzi-04.jpg

На Инстаграм и на Тик Ток нивните видеа се вирални. Особено се интересни видеата каде бабичката ја покажува својата „мудрост“ и споделува неверојатни трикови што ќе „ви помогнат“ во секојдневниот живот.

Погледнете како таа крие алкохол во јавност:

Советот на бабичката ако сте осамени и ви недостасува партнер за спиење:

Скриената камера на бабата:

За крај погледнете го видеото објавено на нивниот Тик Ток профил и видете го советот за криење пари по дома, никој никогаш нема ниту да се посомнева каде сте ги скриле:

@rosssmith

Granny’s Amazing Life Hacks ? #DontSweatIt #lifehacks

♬ original sound - Ross Smith

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време п...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Тешкиот живот на мајката на Џеф Безос – Го родила на 16 години, немала пари Мајката на еден од најбогатите луѓе во светот имала исклучително тежок живот и с...
Исчезнати деца, заканувачки телефонски повици: Нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Крис и Лисен од Холандија во 2014-та биле на планинарење во Панама, а оттогаш им...
Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес) Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет ч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg