Овошен сладолед, чипс - 5 популарни јадења кои биле измислени сосема случајно

Сендвичот бил измислен благодарение на Џон Монтагу од англискиот град Сендвич. Во 1762 година, тој бил дел од интензивна коцкарска сесија, па од готвачот побарал да му направи јадење што ќе може да го изеде без да стане од масата. Готвачот ставил месо помеѓу две парчиња леб и го направил првиот сендвич.

5-vidovi-na-hrana-otkrieni-sosema-slucajno-01.jpg

Следниот пат кога ќе се обидете да направите нешто во кујната, а резултатот е нешто сосема поинакво, не заборавајте да ги прифатите вашите кулинарски несреќи.

Бидејќи, од нив може да излезе нешто сосема добро и покрај неочекуваниот резултат.

Впрочем, многу од омилените јадења коишто ги консумираме се откриени ненамерно, т.е. сосема случајно:

Овошни сладоледи

Како и секое друго 11-годишно дете, Френк Еперсон обожавал газирани пијалаци со овошен вкус. За жал – поточно, за среќа – во студената ноќ во 1905 година, тој ја оставил својата опрема за правење сок надвор на тремот.

Следното утро, малиот Френк открил дека неговата мешавина е замрзната, заробувајќи го стапчето за мешање исправено.

Кога се обидел да го отстрани ледениот сок со стапчето, си помисли дека ова е нешто неверојатно.

Поминале речиси 20 години како Френк ги правел овие замрзнати задоволства за своите пријатели (а подоцна и за неговите деца), пред да поднесе барање за заштита на патент за неговите „Pop’s sicles“ во 1923 година.

5-vidovi-na-hrana-otkrieni-sosema-slucajno (1).jpg

Чипс

Во еден ресторан во 1853 година, готвачот Џорџ Крум бил фрустриран откако клиент му ги враќал пржените компири одново и одново, жалејќи се дека се влажни и премногу дебели.

Готвачот решил да го исече следниот компир на што е можно потенки парченца, да ги испржи и да ги покрие со голема количина сол.

Изненадувачки, на гостинот во ресторанот му се допаднале и брзо ја разнел вест за овие тенки, крцкави, парченца компир.

Соочен со зголемената побарувачка, готвачот Крум отворил свој ресторан, којшто го нарекол Тhe Crumbs House.

5-vidovi-na-hrana-otkrieni-sosema-slucajno (3).jpg

Корнети за сладолед

Сладоледот веќе бил мошне популарен пред да се измисли конусниот корнет како начин за сервирање

Всушност, сладоледот бил толку популарен на Светскиот саем во Сент Луис во 1904 година, што еден продавач останал без садови за да го послужи својот сладолед во нив.

Хамври, Сириец, кој  вафли на соседниот штанд, брзо го завиткал својот производ во облик на конус и му го подал на продавачот на сладолед.

Клиентите претпочитале крцкава вафла наместо чинии, а во 1910 година, Хамври основал своја компанија за корнети.

5-vidovi-na-hrana-otkrieni-sosema-slucajno (2).jpg

Начос

Иако не секој експеримент во кујната завршува добро, еден експеримент ни ги донесе крцкавите, вкусни начоси.

Игнасио „Начо“ Араја, управител на ресторан во Мексико, бил посетен од 10 гладни воени сопруги кои ја преминале границата.

Кога неговите напори да го најде готвачот биле безуспешни, Начо самостојно импровизирал. Тој го прекрил пченкарниот чипс со рендан кашкавал и го потпекол.

На негово изненадување, на жените им се допаднала неговата кулинарска креација - „Специјалитетот на Начо“.

Откако стекнал голема популарност со текот на годините, Начо го отворил својот прв ресторан со неговото име.

5-vidovi-na-hrana-otkrieni-sosema-slucajno (4).jpg

Сендвич

Што е полесно за правење и јадење отколку сендвич? Можеме да ги јадеме и со една рака додека одиме, читаме, работиме или… се коцкаме?

Во 1762 година, Џон Монтагу, 4-иот ерл од англискиот град Сендвич, бил дел од интензивна коцкарска сесија и по ниту една цена не сакал да ја напушти играта само за да јаде.

Тој му наложил на својот готвач да подготви храна што ќе може лесно да ја јаде без да ја напушти трпезата.

Готвачот, кого за жал не можеме да го идентификуваме, ставил парче говедско месо помеѓу две парчиња леб и токму вака биле измислени сендвичите.

5-vidovi-na-hrana-otkrieni-sosema-slucajno (5).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Каква судбина имале децата на најголемите диктатори на светот и дали ги стигнала кармата на нивните ... Синот на Сталин се самоубил, синот на Чаушеску ширел блуд и разврат, а Мусолини ...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес) Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет ч...
Најозлогласените и најмоќните наркобосови во светот (кои ги засенува една жена) Можеби мажите се оние кои доминираат во светот на криминалот, но ниту еден од ни...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg